Веќе е август и не само што се ближи крајот на летниот распуст, туку доаѓа и времето за нови почетоци.
Додека другите ги користат овие последни недели од летото, овогодишните матуранти се занимаваа со апликации, факултети, сместувања, стипендии итн. На 11, 12, 13 и 14 август се одвиваа запишувањата на факултетите во Македонија, па токму затоа одлучивме да направиме една мала анкета во која главна улога имаат матурантите. Замоливме неколку матуранти да ни одговорат на следните прашања: 1.Што сакавте да бидете кога бевте малечки? 2. На каков факултет се запишавте? 3. Што најмногу ќе паметите од вашите средношколски денови? 4. Какви се вашите очекувања од факултетот на кој се запишавте? 5. Идни планови? и еве какви беа нивните одговори:
- Ивана Мартиноска
1.Кога бев малечок/ка желба ми беше да бидам: – Уметник бидејќи цртањето од секогаш било мое хоби.
2.Сега, кога завршив средно образование и положив матура, се запишав на:
– Универзитетот за информатички науки и технологии “Апостол Павле” во Охрид.
3. Едно нешто кое најмногу ќе го паметам од моите средношколски денови е:
-Дефинитивно моето друштво со незаборавните моменти и спомени направени заедно.
4. Моите очекувања за факултетот на којшто се запишав се:
– Да се пронајдам себеси, да ги усовршам и надоградам моите способности и знаење.
5. Други мои планови за во иднина се:
– Успешно завршување факултет и наоѓање работа надвор од границите на Македонија.
- Филип Пуцоски
1.Кога бев малечок/ка желба ми беше да бидам:
– Слаткар, да правам и декорирам торти.
2.Сега, кога завршив средно образование и положив матура, се запишав на:
– ФИНКИ во Скопје.
3.Едно нешто кое најмногу ќе го паметам од моите средношколски денови е:
– Убавите школски моменти поминати дружејќи се со личностите кои ќе ми недостигаат најмногу на свет <3
4.Моите очекувања за факултетот на којшто се запишав се:
– Очекувам мојот факултет да нуди навистина добри вештини и знаења, очекувам да научам многу од предавањата, да станам успешен во својата професија.
5. Други мои планови за во иднина се:
– Да бидам доктор на науки, да патувам по светот, да запознавам нови личности и култури.
- Емилија Карафилоска
1. Кога бев малечок/ка желба ми беше да бидам:
– Учителка или каква и да била работа поврзана со деца.
2. Сега, кога завршив средно образование и положив матура, се запишав на:
– Филолошки факултет на отсекот за македонски јазик.
3.Едно нешто кое најмногу ќе го паметам од моите средношколски денови е:
– Па можеби по интересните шеги на часовите,некои откачени професори кои ги имаше во дефицит итн.
4.Моите очекувања за факултетот на којшто се запишав се:
– Имам високи очекувања,добри предавања,интересна дружба,нови познанства и на крајот на нештата добар успех .
5.Други мои планови за во иднина се:
– Засега немам некои планови за во иднина освен да си го завршам факултетот и да се борам за работа во оваа држава.
- Виктор Домазетоски
- Кога бев малечок/ка желба ми беше да бидам:
– астронаут или да живеам во шума, да ја истражувам или пак во некој од пределите од Африка;
2. Сега, кога завршив средно образование и положив матура, се запишав на:
– Финки;
3. Едно нешто кое најмногу ќе го паметам од моите средношколски денови е:
– смеењето со друштвото и бојкотот;
4. Моите очекувања за факултетот на којшто се запишав се:
– да научам тоа што ќе ми треба за иднина за истото тоа да можам да го искористам;
5. Други мои планови за во иднина се:
– да се запишам на пост дипломски студии во странство и таму да магистрирам и докторирам.
- Елена Јовановска
1. Кога бев малечок/ка желба ми беше да бидам:
– Доктор.
2. Сега, кога завршив средно образование и положив матура, се запишав на:
– Молекуларна билологија – природно математички факултет.
3.Едно нешто кое најмногу ќе го паметам од моите средношколски денови е:
– Бројните пријателства и професорите кои ме инспирираа.
4. Моите очекувања за факултетот на којшто се запишав се:
– Дека ке успеам со помош на знаењата што ке ги стекнам да придонесам во подобрувањето на животниот стандард.
5. Други мои планови за во иднина се:
– Да продолжам со градење на мојата кариера и да постигнам големи успеси.
- Марија и Магдалена Симоноски
- Кога бев малечок/ка желба ми беше да бидам:
Магдалена: – космонаут;
Марија: – најголема желба ми беше да станам учителка затоа што мислам дека ме привлекуваше звукот на кредата која доаѓаше во допир со таблата, ги сакав дневниците и периодите кога се пишуваа оценки.
- Сега, кога завршив средно образование и положив матура, се запишав на:
Магдалена: – Факултет за информатика и технологија;
Марија: – Факултет за информатика и технологија.
- Едно нешто кое најмногу ќе го паметам од моите средношколски денови е:
Магдалена: – Тоа би било знаењето;
Марија: – Ќе ги паметам професорите, кој по страв, кој по смеење и шеги, исто така дружењето со соучениците и се разбира долготрајните и напорни проби со хорот.
- Моите очекувања за факултетот на којшто се запишав се:
Магдалена: – Да го усовршам моето знаење во областа на информатиката и технологијата;
Марија: – Да го надоградам знаешето во областа на прогарамирањето.
- Други мои планови за во иднина се:
Магдалена: – Покрај информатика сакам и кошарка и затоа би сакала што повеќе активно да се занимавам со спорт;
Марија: – Планирам да станам успешен компјутерски инжињер по завршувањето на факултетот и да продолжам да се занимавам со музика, сликарство и пишување.
Автор: Дамјана Видическа/Публицитет.мк