Снимкава е направена денеска на охридското пристаниште и симната е од фејсбук со дозвола од авторот.
Познато е дека мачките не сакаат вода,ама оваа охридскава од глад или од желба за авантура денеска влезе во плиткото, повлечено езерско крајбрежие. Не се знае дали целта и беше да улови некоја плашица и да го омрси мустаќите или сакаше плен да и биде некоја од птиците. Таа изгледа е некоја од похрабрите на кои им здоасдило да чекаат по рестораните некој да им фрли рибешко за да каснат. Убаво се гледа дека мачката нешто ја премисли во намерата да оди во подлабокото.
Публицитет.мк