Си седам јас сношти со кумчо мој, си делкаме винце а телевизорот емитуват програма од една од независните национални телевизии. И како шо се менват спикерите муабетот одеше во насока дека требало да се одложат изборите.
И така со кумшо напрајвме „на здравје по 16-ти пат и закључивме дека убо зборват овие и во право се дека требит да се одложет изборите. После пола саат го сменив каналот на друга независна телевизија и види чудо! Истата тема, истиот муабет само различни фаци го кажвет то. Ама пак и овие шубо зборвеа и велеа дека не требело да се одложат изборите. Менвам трет канал, четврт, петти, сегде исто! Глајве ни ги напраја шашма. Е сега глајве дал ни се напраја шашма од телевизоров или од виното не бев сигурен ама вино сум пиел и порано па… На крај сите „независни“ новинари и спикери дојдоја до ист закључок: ќе чекаме до после полноќ да видиме шо ќе бидит. Во страшно исчекување замина и вториот бокал со вино. И на крај кумчо не издржа, си ја допи чашата, демонстративно стана и на сијодвење кажа многу јака мисла: работава е магаре да ни го… или змија да не… И си замина (точакот го туркаше од безбедносни причини).
Сабајлево станвам и гледам истиот муабет ТВ програмиве, изборите се одложени и пак сите политички страни се во право.??? Седам така и си мислам, во право беше кумчо сношти ко рече: магарето или змијата! Исто ни се фаштат!
Дваесет и кусур години сам себеси се убедвам дека не се сите политичари: арамии – имат и чесни, кодоши – имат и со образ, предавници – имат и патриоти, ѓубриња, педери, тиквари, продаени души, гомнари… Појќе немам дилема, сите политичари се…
До вчера ме растргнуваше дилемата дали да одам на гласање ко ќе имат избори али да неодам. Појќе немам дилема, неодам! Немат да одам на избори (кога и да се одржат) и немат да гласам за позиција или опозиција се додека ги водат странци и едните и другите.
Сашо Апостолоски
Писмото е објавено во целост без редакциска и јазична интервенција.
Објавените текстови во рубриката АРГУМЕНТИ ЗА … на „Публицитет.мк “ се лични ставови на авторите, а не се ставови на редакцијата.
„Публицитет.мк“ не сноси одговорност за изнесното во нив.






