• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, јули 2, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Бидете дел од еднодневната планинарска тура „Гушкање на Галичица“

февруари 24, 2016
in Uncategorized

           Црвен крст Охрид и Здржението за велосипедизам, планинарење и еко култура З’Ш ги покануваат охриѓани на „ГУШКАЊЕ НА ГАЛИЧИЦА“, еднодневна планинарска тура на планината Галичица, која се организира во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на ретки болести (29 февруари), а како поддршка на  интернационалната кампања под мотото ПРЕГРНИ ЈА РЕТКОСТА! ПРЕГРНИ ЗА ГИНИС! Со овој настан, во името на сите лица со ретки болести, кои во потрага по лек пропуштиле многу прегратки и насмевки, сакаме да ја подигнеме свеста во јавноста за предизвиците со кои се соочуваат луѓето со ретки болести.

Бидете дел од овој атрактивен настан од кој ќе произлезат уникатни фотографии на прегратки направени на надморска висина од 2000 м. и кои ќе бидат објавени на онлајн албумот   hugforrare.com  со  што ќе учествуваме во создавање на Гинисов рекорд во  број на собрани фотографии од прегратки.

          Добредојдени се сите оние кои се чувствуваат писхофизички способни и поседуваат стандардна планинарска опрема за искачување на планина: планинарски чевли, планинарски ранец (резервна топла облека, јакна за заштита од дожд и ветар, храна и вода мин. 1.5 л., капа, очила и друга заштита од сонце).

          Настанот ќе се реализира на 27.02.2016 (сабота) со поаѓање од Спасителната станица на Црвен крст Охрид кај местото Липова ливада (1650 мнв)-превој на планината Галичица, во 9:30 ч.

          Поддршка на групата ќе бидат членови на Единицата за спасување на планина и непристапни терени при Црвен крст Охрид.

Заинтересираните треба, во сабота, најдоцна до 9:30 ч. да пристигнат на собирниот-стартен пункт  кај Спасителната станица на Црвен крст Охрид кај местото Липова ливада (1650 мнв)-превој на планината Галичица, соопштуваат од Црвен крст – Охрид. 

Публицитет.мк 

Посетеност: 85
Share
Previous Post

Закажана нова седница на Советот на Општина Охрид со 75 точки

Next Post

Магарето или змијата?!

Next Post

Магарето или змијата?!

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 85

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk