• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, јуни 29, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Македонија го одбележува Денот на македонската револуционерна борба

октомври 23, 2015
in Актуелно

Во Република Македонија денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ денеска напладне во Собранието ќе ја додели државната награда „23 Октомври“ за 2015 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Македонија.

Државната награда „23 Октомври“ за остварување во областа на културата и уметноста им се доделува на ликовниот уметник Стефан Хаџи Николов, на писателот Фејзи Бојку и на музикологот, публицист, новинар и музички критичар, Костадин Костадиновски.

На 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев беше формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО). 

Формирањето на ВМРО значеше почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ резултира со создавање модерна самостојна македонска држава.

По овој повод владина делегација предводена од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, како и делегација од Градот Скопје предводена од градоначалникот Коце Трајановски ќе положат цвеќе пред споменикот на основачите на Внатрешната македонска револуционерна организација во паркот „Жена борец“, наспроти Собранието на Република Македонија.

Извор: mkd.mk 

Посетеност: 116
Share
Previous Post

Каква ни е иднината според Википедија?

Next Post

Во недела почнува зимското сметање на времето

Next Post

Во недела почнува зимското сметање на времето

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 116

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk