„Википедија“ претставува добар начин на претставување на минатото и историјата, иако секој може да уредува статија таму. Сепак, интернет-енциклопедијата стана авторитативна во целиот свет во поглед на знаењето и фактите. Но, „Википедија“ функционира добро и за иднината.
Повеќе уредници од „Википедија“ направиле модел на иднината со кој се обидуваат да погодат настани кои ќе се најдат на страницата во соодветната година.
Времепловот изгледа вака:
2016 – Летните олимписки игри се одржуваат во Рио де Жанеиро, Бразил.
2017 – повеќе научници се обидуваат да ја направат првата синтетичка микроскопска габа.
2018 – Завршување на Кралската кула во Саудиска Арабија, највисоката зграда во светот.
2019 – Подготовки за филмот „Blade runner“.
2020 – Лондонската меѓународна железница започнува да се користи.
2024 – Светското население ќе брои 8 милијарди.
2027 – Ќе биде отворен извештајот за аутопсијата на Елвис Присли, 50 години по неговата смрт.
2029 – Дигиталната временска капсула „Порака од Земјата“ ќе стигне до дестинацијата, планетата Gliese 581c.
2030 – Саудиска Арабија повеќе нема нафта за извоз.
2034 – Алберто Фуџимори, поранешен претседател на Перу, е пуштен од затвор на возраст од 96 години.
2039 – Подготовки за анимираната телевизиска серија „Batman beyond“.
2041 – Завршување на проектот за железница од Москва до Њујорк.
2048 – Првата полна месечина на 29 февруари од 1972 година.
2051 – Населението на САД брои 400 милиони луѓе.
2058 – Сè од Битлси влегува во јавен домен.
2061 – Можност за комерцијално минирање на Месечината.
2068 – Првиот подводен град.
2095 – Според сегашните трендови, половата еднаквост се достигнува во оваа година.
2300 – Планот на Google за индексирање на сите информации во светот може да биде реализиран. 1000000000 – проценето време за проект за промена на орбитата на Земјата за компензација на зголемената топлина на Сонцето.
Извор: fakulteti.mk
Посетеност: 25