• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, јули 11, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

МАКЕДОНИЈА Сочувајте ја демократијата или препораката ќе биде одземена!

март 10, 2016
in Актуелно

Пратениците во Европскиот парламент вчера еден час дебатираа за резолуцијата за Македонија која ја подготви известувачот Иво Вајгл. Потврдени оценките на ЕК, сѐ зависи од изборите.

„Сочувајте ја демократијата или препораката ќе биде одземена“, гласеше драматичната порака до Македонија од европратеникот Ричард Ховит за време на вчерашната дебата во Европскиот парламент. Повод беше резолуцијата на европратеникот Иво Вајгл, која во голема мерка е на иста линија со острите критики кои Македонија ги доби и во минатогодишниот извештај од Европската комисија.

„Испраќаме остра порака до македонските политичари дека не ги исполнуваат своите обврски за кои нема алтернатива. Остра порака која не е насочена против македонскиот народ ,туку за нив, за вашата демократија и за подобра иднина на вашата земја, сигурни сме дека тоа го сакате, а вашите политичари ќе мора да покажат дека и тие тоа го сакаат“, порача Ховит од името на групата на социјалистите во европарламентот. Ховит директно му реплицираше и на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, објаснувајќи дека не е точно оти бил постигнат договор да не се бараат натамошни реформи во медиумите.

Комесарот за прошируваше Јоханес Хан оцени дека „прислушуваните материјали покажале дека системот е поткопан со политичко влијание и корупција“. Тој одговори на бројните критики на дел од европратениците дека земја во таква состојба како Македонија не заслужува да добие позитивно мислење за почеток на преговори, со објаснување дека тоа е дел од концептот на ЕУ.

„Критиките кон демократскиот развој на Македонија се издржани, но најголемата потпора на ЕУ за нашите интереси е дека само преку преговори можеме да ги решиме овие недостатоци. Имаме влијание во фазата кога ги отвораме преговорите и особено додека траат преговорите. Како што можете да видите го губиме влијанието по влезот на земјите во ЕУ“, рече Хан.

Избори, СЈО, медиуми

За разлика од дебатата, резолуцијата за Македонија која ја подготви словенечкиот пратеник и известувач за земјата, Иво Вајгл содржи остри критики и серија забелешки за состојбите во Македонија, кои претходно беа образложени и во годишниот извештај за напредокот на Македонија кој го подготви Европската комисија.

Јоханес Хан

Како клучни наведени се потребата од спроведување избори според „највисоки меѓународни стандарди“, целосна поддршка за Специјалното обвинителство и подобрување на медиумската состојба.

„Сметаме дека е клучно за демократските процеси Специјалното обвинителство да добие целосна поддршка за исполнување на договорените функции, да воспостави целосна автономија и да ги добие сите ресурси потребни за истражување на прекршоците кои произлегуваат од прислушкуваните материјали. Повикуваме и да престанат опструкциите од судовите во предавањето на доказите на СЈО и даваме поддршка за амандмани на законот со кои ќе се обезбеди автономна контрола во однос на заштитата на сведоците“.

Европскиот парламент е загрижен и поради политичкото влијание врз јавната администрација, и ја повикува владата да ја „зголеми професионализацијата, неутралноста и независноста на сите нивоа“.

Резолуцијата ги нотира преземените мерки во однос на судските реформи, но во истовреме и ги „осудува случаите на селективна правда особено преку злоупотребата на Членот 353 од Кривичниот закон“, повикува на политичка волја за „деполитизација на именувањето и промоцијата на судиите и обвинителите“, и бара професионализам и независност од Судскиот совет.

Раст на долгот и одлив на мозоци

Европарламентот е загрижен поради широко распространетата корупција, „особено во државната и локалната администрација, јавните набавки и финансирањето на политичките партии“ и ја повикува владата да се бори против корупцијата на неселективен начин.

Ричард Ховит

Во резолуцијата се осудува натамошното влошување на слободата на изразувањето и слободата на медиумите, и се изразува „длабока загриженост поради политичкиот притисок, говорот на омраза, континуираната поларизација, недостатокот на независност и плурализам во медиумите, широко распространетото нелегално прислушување на новинарите, насилството и заканите кон новинари, систематското политичко влијание врз уредувачките политики, слабите професионални и етички стандарди на некои новинари, како и недостатокот на истражувачко и балансирано известување“.

Европскиот парламент е загрижен и поради зголеменото ниво на јавниот долг и бара подобрена фискална дисциплина и балансиран буџет. Се забележува дека невработеноста и натаму е многу висока, а притоа учеството на пазарот на трудот е многу ниско, особено меѓу младите луѓе и жените. Притоа потсетува дека вработувањето не смее да биде под влијание на политичката припадност или да се користи како средство за заплашување на граѓаните за време на избори. Загриженост се изразува и поради „одливот на мозоци“ од земјата, особено меѓу младите. Во тој дел, резолуцијата се повикува на податоците на Еуростат и други меѓународни организации во кои се забележуваат „сериозни миграциски трендови, особено меѓу младите луѓе“.

Извор: dw.com

Посетеност: 92
Share
Previous Post

Дебарско -кичевската епархија во пресрет на Поклади

Next Post

Како го избираме партнерот?

Next Post

Како го избираме партнерот?

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 92

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk