• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 26, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Занимливости

Како го избираме партнерот?

март 10, 2016
in Занимливости

При изборот на партнер мажите обраќаат внимание на добриот изглед, а жените на успешноста. Точно е или не? Научниците велат: тоа е сосема надминато. Рамноправноста на половите сосема ја има променето шемата на освојување

Тој бара жена со симпатично лице и вистински облини, а таа бара маж со пари, добра работа и углед. Нејзе ѝ е сеедно како изгледа саканиот, а нему не му е грижа колку неговата обожувана има во главата. Тој сака да се размножува, а нејзе ѝ е важно тој да може да си го прехрани семејството.

Во класичната еволутивна биологија сѐ се врти околу продолжувањето на родот. Желбата за деца притоа функционира како вграден чип кој влијае врз нашата шема на освојување.

Научниците сега им противречат на ваквите традиционални критериуми при изборот на партнерот. „Се прилагодуваме“, вели Марсел Центнер од Универзитетот Инсбрук. „Ако ваков чип воопшто постои, тогаш тој реагира на влијанијата на околината, на предизвиците и на промените.“

Машите сакаат паметни жени

Централна промена е рамноправноста на мажот и жената. Психологот Центнер со својата колешка Елис Игли од Универзитетот Нордвестерн, „прочешлал“ стотици студии од различни земји. Притоа правеле проценка на податоци од земји во кои проблемот на рамноправност многу различно се третира. „На пример, тука има и податоци од Иран и Саудиска Арабија, како и Јапонија, Финска, Шведска, Англија и.т.н.“

Научниците биле изненадени: „Поврзанста е речиси перфектна“, зашто колку е поголема рамноправноста, толку разликите во освојувачката шема се помали. „Дури и ние бевме изненадени колку тоа јасно се гледа“, вели Центнер.

Во својата студија тие доаѓаат до заклучок дека класичната еволутивна биологија е „прегазена“ во напредните општества. Колку едно општество е помодерно, толку освојувачката шема на мажот и жената е послична. Готвењето, раѓањето деца и прехранувањето се застарени.

Жената во општество на рамноправност на половите бара партнер кој може и да пегла

Повеќе од само симпатично лице

Дружељубивост, доверливост, интелигенција, образование и емоционална зрелост се најважните особини за мажот и жената. Тие доаѓаат пред изгледот. „Така погледнато, полиците со книги се поважни од огледалото“, подвлекува Центнер. Современиот маж бара интелигентна жена. „Во Финска за мажите веќе е поважно образованието на жената отколку обратно“, додава психологот.

Жената во едно општество на рамноправност на половите бара партнер кој може и да пегла, а и да готви. Жените многу повеќе обраќаат внимание на изгледот отколку порано, нагласува Центнер.

Средства за потенција како компензација?

Додека мажот и жената во едно модерно општество сѐ повеќе се приближуваат во делот на оптиката и интелигенцијата, во делот на платите и натаму јасно се препознава наследството од класичната поделба на улогите. „Една интересна студија од Данска покажува дека кај мажите кои заработуваат нешто помалку од нивните жени е забележлива поглема потрошувачка на средства за потенција“, објаснува Центнер. „Јасно е дека притоа се работи за еден вид компензација за ‘научената’ машкост. И за жените генерално сѐ уште е поважно мажот да има добри финансиски изгледи, отколку обратно.“

Остаток од еволутивната теорија

Интелигентен, убав и имашлив – во модерните општества оваа комбинација и кај мажот и кај жената е прилично горе во рангирањето што го прави нашиот биолошки чип. Но, критерумите за избор на партнер не се сосема идентични со ова, и тоа од биолошки причини. Кога би било така, бременоста на жената би имала влијание врз поделбата на улогите, вели Центнер. „Поради тоа, не верувам дека во блиска иднина ќе се случи перфектно изедначување на преференциите.“

Извор: dw.com

Посетеност: 138
Share
Previous Post

МАКЕДОНИЈА Сочувајте ја демократијата или препораката ќе биде одземена!

Next Post

Напливот од пријави во фокусот на денешната јавна седница на ДИК

Next Post

Напливот од пријави во фокусот на денешната јавна седница на ДИК

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 138

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk