Нема договор за изборот на специјалниот обвинител и по вчерашните маратонски разговори, но има приближување на позиции за едно од најспорните прашања.Преговарачките тимови се се пошироки а на масата се вратија и Аиво Орав и Џес Бејли.Времето истече.
Во текот на викендот , и доцна синоќа наизменично се разговараше со претставниците на сите партии. ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ги засилија своите редови, а завчера накусо се појавил и поранешниот директор на ДБК, Сашо Мијалков. Се преговарало до доцна но нема детали како е финиширана рамката.Сите го почитуваат договорот за молчење до постигнувањето целосна усогласеност околу измените на законот за обвинителство.
Засега едно е сигурно , претставниците на партиите потписници на договорот од Пржино договорија дека специјалниот обвинител ќе има тим обвинители кои заедно со него ќе работатат на аферата прислушување и случајот „Пуч“, тврдат извори од преговорите.
Според истите извори се прецизирал и бројот колку ќе бидат тимот на обвинителите, а за тоа ќе одлучува специјалниот обвинител како што инсиситираше ЕК.
„Договорот е стани -падни но се крчка .Остануваат уште повеќе работи кои мора да се прецизираат за да не се блокира работата на специајалниот јавен обвинител Отворени се за дозаокружување автономијата на специјалниот обвинител, стручниот тим, финансиската независност, па и обемот на неговите обврски велат извори од преговорите
Медијаторот Питер Ванхауте инсистирал законот да се затвори уште на завчерашните преговори за да партиите да се фокусирата само на имињата за специјаелен обвинител.Преговарачите на власта влечат колку се може , но доаѓаат „решенија за завзрзламите“ и директно од Брисел.
Дипломатски извори велат дека денеска е денот Д за законот за веднаш да може да се стави во собраниска процедура и да се изгласа во Собранието, каде што пратениците се на штрек и очекуваат само „испорака“ од клубот на пратениците. Датумот дојде, токму поради тоа и амбасадорите на Еу и САД седнаа на масата.Нема повеќе време за калкулации .
На 18 од Брисел во Скопје слетува еврокомесарот Јоханес Хан , да им честита за договореното досега, и да ги потсети дека не се дојдени ниту до пола од договореното во Пржино, безоглед на тоа колку се заморија од досегашните пазарења.Македонија веќе нема време за чекање!
Извор: lokalno.mk