Ова срце кое е подготвено за трансплантација е сместено во кутија која што е во состојба да го оживее срцето кое што е мртво најмногу половина час.
Ли Халу (26) уште од четиринаесетата година живее со дијагностицирано срцево заболување, односно срцева инсуфициенција, поради што пред пет години му била вградена механичка пумпа за крвта да може нормално да циркулира низ телото.
Но, со текот на времето нештата започнале да се комплицираат, а докторите изјавиле дека сепак му е потребно ново срце, и тоа во рок од два дена, инаку во спротивно не би преживеал.
Токму поради тоа, по итна постапка, осум часа пред операцијата било обезбедено срце во болницата во која што бил сместен Ли Халу. Она што е најинтересно во целата приказна е дека срцето било доставено во специјална кутија со комплетна модерна технологија која што може да го оживее срцето кое што е мртво максимум 30 минути.
Срцето кое што било донесено во болницата “живеело” во кутијата осум часа пред операцијата.
Погледнете како изгледало сето тоа одблиску: