• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, септември 21, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

Македонски автори на Меѓународен саем на книгата во Солун

мај 15, 2016
in Култура

Македонските автори Томислав Османли, Александра Прокопиев и Вера Стојчевска Антиќ, по десетина години отсуство на наши претставници, учествуваа на 12-от Меѓународен саем на книгата во Солун…

 

Тие се претставија на саемот на 10 мај, во ударен термин, и во присуство на видни личности од солунскиот научен, културен и општествен живот.
Говорејќи за влијанието на просветителската традиција на солунските браќа во делата на македонските автори, Стојчевска-Антиќ имаше забележан настап посветен на тема „Химни за Св. Кирил“, додека говорник од грчка страна беше проф. Емилиос Тахеос од Центарот за студии на кирило-методиевското култирно наследство, професор славист и надворешен член на две балкански академии.

Беа читани песни на македонски јазик и преводи на грчки на песни од Блаже Конески, Матеја Матевски и Јован Павловски во изведба на студентки по славистика на солунскиот универзитет „Македонија“.

Османли и Прокопиев ги претставија своите романи „Дваесет и првиот“ и „Ѕиркачот“ како современи репрезентативни, наградени и пошироко приоштувани дела на современата македонската литература. Посебно забележан беше настапот на Томислав Османли, писател и преведувач од грчки, кој својата авторска презентација ја оствари со богат исказ на грчки јазик.

Писателот Александар Прокопиев покрај претставувањето на својот роман, говорејќи на македонски јазик, одговори и на повеќе прашања врзани за неговото творештво и карактеристичниот постмодерен израз.

Повторното појавување на македонското знаме, штанд и изданија на солунскиот меѓународен Саем на книгата, беа овозможени со поканата од Грчката фондација на културата, со ангажманот на Генералниот конзулат на Република Македонија во Солун и поддршката на професорката Маврогени од славистичката катедра на солунскиот универзитет.

извор: www.publicitet.mk 

Посетеност: 122
Share
Previous Post

Украина победи на Евровизија (ВИДЕО)

Next Post

Вардар победник во Купот на Македонија чија завршница се одржа во Охрдид

Next Post

Вардар победник во Купот на Македонија чија завршница се одржа во Охрдид

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 122

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk