• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, септември 21, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Вардар победник во Купот на Македонија чија завршница се одржа во Охрдид

мај 15, 2016
in Тикер
Ракометарите на Вардар се побединици на 24.издание од Купот на Македонија. Во финалето  на 24.издание од Купот на Македонија што се одржа во Охрид, Вардар славеше против Металург со 24-31 (12-16). За „црвено-црните“ ова е прва титула сезонава и вкупно 11-та титула во Купот на Македонија за најтрофејниот македонски клуб. Неизвесноста меѓу двата најголеми ривали на македонската ракометна сцена во Куп финалето, траеше само десетина минути. Силата и надмоќноста на Вардар дојде до израз и Куп пехарот очекувано заврши кај „црвено-црните“.

Финалето за титулата во 24.издание на Купот на Македонија неочекуивано беше во знакот на Металург кој во првите десет минути одржуваше минимална предност до 4-3. Вардарци првиот гол го постигнаа во 5.минута од натпреварот преку Хорхе Македа. Но, по по лабавиот старт,, „црвено –црните“ го засилија темпото, направија серија од 4-1 и во 15.минута прв пат дојдоа на +3 (5-8). Тоа беше сигнал, Лино Червар да го искористи првиот тајм-аут во обид да ја прекине серијата на Вардар.

„Металурзите“ се потешко доаѓаа до реализција во овој дел од натпреварот, неколку грешки во нападот и одбрани од Арпад Штербик, му отворија нова шанса на Вардар. „Црвено-црните“ брзо направи уште една серија од 4-0 за највисоки шест гола предност во 19.минута кога Алем Тоскиќ погоди за 7-13.

Во последните дест минути од првото полувреме, Металург сепак успеа да одговори на офанзивата на Вардар. Божовиќ ја отвори серија на Металург кој успеа да возврати со идентични 4-0 и да намали на 11-13 на шест минути пред крај и имаше напад за -2. Сепак, избраниците на Раул Гонзалес беа попрецизни во последните пет минути и на одмор заминаа со четири гола предност (12-16).

Офанзивата на Вардар продолжи и на полчетокот од второто полувреме. За пет минути игра, вардарци за пет минути иогра дојдоа на 12-19. По неколку нереализирани напади Стеван Вујовиќ конечно успеа да погоди за 13-19 во 36.минута. „Металурзите“ се обидуваа да задржат чекор, но со сигурна игра во одбраната ја одржуваше разликата и не дозволи изненадување. Сигурната игра и убедливото водство на Вардар донесоа мирен финиш без многу неизвесност. Младиот состав на Металург и покрај негативата, до крај се бореше и и настојуваше да му пружи достоен отпор на многу посилниот состав на Вардар на спротивната страна. На крајот сепак вардарци се радуваа на победата и на 11 титула во Купот.

Дејан Манасков со седум гола беше најефикасен во составот на Вардар, Алекс Душебаев постигна шест , а Тимур Дибиров четири гола за „црвенмо-црните“. Кај Металург прев стрелец беше Марко Матиќ со шест гола. По четири погодоци постигнаа Јанко Божовиќ и Стеван Вујовиќ .

Извор: www.ekipa.mk 

Посетеност: 96
Share
Previous Post

Македонски автори на Меѓународен саем на книгата во Солун

Next Post

Конференција „Активен туризам во Европа“: Автентичноста е клучот за брз развој

Next Post

Конференција „Активен туризам во Европа“: Автентичноста е клучот за брз развој

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 96

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk