• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, јули 1, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Македонски-Незаборавни

Македонски – Незаборавни : „ Пак ќе дојдеш во Охрид“ – група Канео

ноември 23, 2015
in Македонски-Незаборавни

 

 

Во едни, други малку подалечни времиња или како што велат старите – понапред во Охрид постоеше групата „Канео“ .

Покојниот Љупчо Шурбаноски, вокал и неговите другари Борис Гаврилоски и Сашо Видоски на почетокот од деведесеттите години , решија и ја возобновија групата, која првпат под ова име се формирала во далечната 1967 година. 

-Почнавме во времето кога некои од нас завршувавме основно образование.  На матинеата и игранките,а подоцна и по ресторантите и хотелите изведувавме пред се’ туѓа музика. Постепено почнавме и да компонираме за себе . Едно време секој тргна на своја страна. Патиштата ни се раздвоија, за подоцна кон крајот на осумдесеттите од минатиот век повторно дел од нас да се собереме и да продолжиме каде што застанавме, вели за Публицитет.мк  наставникот по музика и член на оваа некогаш популарна група Борис Гаврилоски.

Во погоре споменатата формација тие ја издадоа и првата и единствена аудио касета под наслов „Мала девојка “ во продукција на Македонската радио-телевизија во која Шурбаноски работеше како снимател во Дописниот центар во Охрид.

-Кам бекот ни беше повеќе од успешен дури направивме и промотивен концерт во Охрид.  Настапивме неколку пати на МТВ во тогаш популарната „Шоуто мора да продолжи“ и во неколку други емисии. Претходно во битолската ТВ ТЕРА направивме неколку спотови за песните од албумот,  додава Гаврилоски.

Групата „Канео“ во 1994 настапи на „Макефест“ со композицијата „ Пак ќе дојдеш во Охрид“ дело на композиторот Методија Бараковски – Менде и на аранжерот Љупчо Константинов, исто од Охрид.

 

kaneo Copy

 

Овој запис кој ние од „Публицитет. мк “ се потрудивме да го пронајдеме е токму со таа песна која уште однапред знаеме ќе побуди големи емоции и лавина од спомени – пред се’ за нашиот колега Љупчо чиј глас многу наликуваше на гласот на Демис Русос, па тој било на англиски или македонски најчесто и со задоволство ги пееше неговите песни.

Борис Гаврилоски во интервјуто по овој повод – најавува скорешно по  трет пат собирање на „Канео“ за некогашните другари да го доотсонуваат својот сон во музиката. 

 

Милчо Јованоски, Публицитет.мк 

 

Посетеност: 396
Share
Previous Post

Реакција на општина Охрид на соопштението од СДСМ- Охрид

Next Post

DW: Русите се повлекуваат од Црна Гора

Next Post

DW: Русите се повлекуваат од Црна Гора

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 396

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk