Минатиот викенд во Трпејца се случи незаборавана македонско – француска свадба.
Иако младоженците – вљубените Васил и Марион живеат заедно осум години и имаат двегодишно дете, решиле бракот да го овековечат со свадба во Трпејца.

Тоа беше моја желба, од дете доаѓам во Трпејца на Кале кај училиштето. Прво во приколки а потоа кога пораснав и заедно со мојата денешна сопруга речиси секоја година кон крајот на август до средината на септември одмораме овде. Лани ја прошетав Марион до местото кадешто првпат дојдов во Трпејца и заедно одлучивме токму таму, на отворено да биде нашата свдба. И така бидна, ни раскажуѕва Васил кој по потекло е од Скопје.

Во Трпејца сме како дома. Сите ни помогнаа околу свадбата. Наместо кетеринг користевме храна од локалното население: комат .ѓомлезе, риба, имавме на трпезата и две јариња. Од Франција ни дојдоа околу 50 сватови и од Скопје и цела Македонија плус 150. Ни се приклучија и мештаните имавме македонска и француско – англиска музика. Се’ беше прекрасно.

Васил И Марион ја препорачуваат Трпејца како место за вистински одмор и за вакви поводи како нивниот.
Марион и тој живеат во близина на Париз и работат во сопствена циркуска трупа. Таа оди на јаже, а Васил изведува разни акробации.
Разговараше: Милчо Јованоски
Публицитет.мк
Со клик на линкот подолу, слушнете го разговорот со Васил во целост:






