• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, август 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Повик за спас на Националниот Парк „Галичица“

септември 4, 2015
in Тикер

Ги повикуваме сите граѓани да земат активно учество на јавната расправа за измени во Планот за управување со Националниот Парк „Галичица“како би го искажале своето мислење за планираните градежни активности во НП „Галичица“ пред да биде доцна. Да си го зачуваме природното богатство од уништување!

Националниот Парк „Галичица“, веќе и официјално е во опасност од уништување! Новите измени во Планот за управување со Националниот Парк, кои јавно се изнесени на нивната официјалната веб-страна, подразбираат отстранување на досегашниот степен на заштита на најранливите подрачја на оваа планина со цел изградба на Ски-центар, експресен пат широк 14 метри и туристичко-развојна зона во Отешево, Стење и Љубаништа. Ваквиот мегаломански потфат би подразбирал целосно уништување на шареноликоста на оваа природна убавина, која токму и произлегува од специфичниот склоп на ендемични и автохтони видови, особени оние во жариштето на нејзиниот биодиверзитет.
Вкупната површина на предлог проектот се протега на 324,62ха, од кои 310,46ха се заштитена површина на Националниот парк. Ова значи незаконска и неприфатлива промена во зоните на заштита во Националниот парк (за проектот да може да се имплементира треба да се симне нивото на заштита на одредени зони!). Постои огромен ризик изградбата на патот да ги наруши подземните водени текови кои го напојуваат Студенчишкото Блато, што може да значи уништување на блатото, а доколку се уништи блатото, во многу скоро време ќе се уништи и езерото.
Експресниот пат не е економски одржливо решение бидејќи по него не смее да се движат пешаци и велосипедисти. Ова ќе го наруши природното движење на авантуристите кои сега може да стигнат до планината директно од сместувачките капацитети. Патот ќе создаде вештачка бариера и ќе ги одврати ваквите туристи да го посетуваат Охрид за да практикуваат ваков тип на туризам, кој е најисплатливата туристичка алтернатива бидејќи трае во текот на целата година и не е ограничена на одредено годишно време. Од големо разочарување е тоа што ова се случува во екот на развојот на алтернативниот туризам во овој регион. Неодамна, тука беа пронајдени и нови пештери и стана атрактивен спелеолошкиот туризам.

galicica1 1

Охрид ЅОЅ ги повикува сите загрижени граѓани да учествуваат на Јавната расправа која ќе се одржи на 11-ти Септември (Петок) со почеток во 12.00 часот во просториите на ЈУНП „Галичица“ во Охрид. На расправата ќе се дебатира деградирањето на зоните во паркот со цел имплементација на гореспоменатите мегаломански проекти.
Планината Галичица во која се наоѓа Националниот Парк Галичица е интегрален дел од екосистемот на Охридското Езеро и е дефиниран како исклучително важен регион од страна на Унијата за заштита на природата (IUCN) и затоа заштитен со закон уште од 1958 година. Ливадите на Галичица се дом на 1.644 видови на пеперутки и 800 видови флора со висока биолошка вредност. Најубавата пеперутка на Балканот – Parnassius Apollo macedonicus може да се најде токму во националниот парк Галичица. Поради својата исклучителна биолошка разновидност со меѓународно значење во 2014 г. НП Галичица стана дел од Светската мрежа на биосферни резервати на УНЕСКО – во светот постои само 31 ваков прекуграничен биосферен резерват.
Наша должност е да го заштитиме овој исклучителен амбиент за идните генерации.

Со почит,

Активисти на Граѓанска иницијатива Охрид SOS

 

Посетеност: 165
Share
Previous Post

Македонско – француска свадба во Трпејца

Next Post

Од идната туристичка сезона чартери Белгија – Охрид со „Томас кук“

Next Post

Од идната туристичка сезона чартери Белгија – Охрид со „Томас кук“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 165

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk