„Малиот принц“, најпознатото дело на Сент Егзипери е најновата претстава на Охридскиот театар што премиерно ќе биде изведена утревечер на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.
Се работи за приказна со сериозна порака што зборува за губењето и пронаоѓањето на верата во себеси, вели режисерот на претставата Ѓорѓи Ризески:
„Ние возрасните опкружени со проблемите го губиме детето во нас…Дури и децата станувајќи возрасни заборават на она што всушност сакаат да бидат кога се мали. Оттаму претставата освен што е за деца и млади добро е да ја погледнат и возрасните, рече Ризески.
Во претставата уште играат: Ивица Цонев, Никола Тодороски, Јасмина Билаловиќ, Павел Маслов и Стрезо Стаматовски. Драматуршки соработник е Кристина Тодороска Петреска, музички соработник Студио Китрозон, изработка на костими Даниела Мурговска, изработка на цртежи ученици од ОУ „Христо Узунов“.
Почетокот на претставата е од 19.30 часот, а билетот е сто денари.