• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 22, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Култура

МАНУ и БАН во Охрид ќе одржат меѓународна конференција посветена на Богомилите

август 31, 2016
in Култура
Во петок во Охрид во куќата на Уранија  ќе се  одржи меѓународната конференција „Богомилство без граници“.   

 
Конференцијата претставува дел  од  активностите во рамките на проектот „Богомилското движење и богомилската книжевност“, што се реализира помеѓу Македонската академија за науки и уметности и Бугарската академија за науки. Учесници на проектот од Република Македонија се академик Блаже Ристовски – раководител, проф. д-р Маја Ангеловска-Панова – координатор, и проф.д-р Вера Стојчевска-Антиќ.
 
Проектот   е   дизајниран за историско и културолошко проследување  на богомилството сфатено како универзална придобивка. Идентификацијата на цивилизациските вредности и влијанија на богомилството најдобро се согледува преку книжевните состави со автентична артикулација, апокрифите, филозофските аспекти на учењето, како и преку неговата присутност и традиција во народното творештво. Богомилството   се   вбројува   во   редот   на   оние   духовни   појави,   коишто  со својот историско-културолошки статус и  значење  претставуваат  релевантна придобивка не само за македонската,   туку и за балканската   и   воопшто   за   европската цивилизација   и   култура.    
 
На конференцијата ќе учествуваат еминентни професори од Република Македонија, Република Бугарија и Велика Британија. Организатор на конференцијата е проф. д-р Маја Ангеловска-Панова од Институтот за национална историја – Скопје.
 
На отварањето на конференцијата ќе се обратат проф. д-р Маја Ангеловска-Панова и академик Васил Ѓузелев од Бугарската Академија на Науките.
 
Публицитет.мк

Посетеност: 88
Share
Previous Post

„OFFROAD ADVENTURE КУРАТИЦА 2016“

Next Post

Во Венеција започнува 73. издание на филмскиот фестивал

Next Post

Во Венеција започнува 73. издание на филмскиот фестивал

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 88

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk