За оваа недела ја одбравме фотографијата на Раде Марковски од Скопје. Тој е информатичар,а фотографирањето му е хоби.
Од прекрасните фотографии преку кои се гледа дека Раде е вљубеник во природата Ви ја нудиме пејзажната – објавена на неговиот ФБ профил уште на 20 август – денот кога се одржуваше Охридскиот пливачки маратон и освен вечната убавина на Трпејца, Раде успеал да го фати и мигот на минувањето на првите пливачи – маратонци крај селото.
Публицитет.мк