Марија Јованоска има неполни 17 години. Учи во гимназијата „Св. Климент Охридски “ во Охрид, член е на атлетскиот клуб „Охрид“ и на македонската атлетска репрезентација и девојка која за само три години зад себе има редица домашни и меѓународни атлетски натпревари и митинзи и куп освоени медали.
Таа е охридската газела која со леснотија претрчува километри на атлетските патеки и тоа го прави од љубов и задоволство.
Публицитет.мк сака накусо да ви ја претстави Бидејќи редакцијата е сигурна во тоа дека младите како Марија треба да се поддржат. Таа викендов што доаѓа ќе оди во Софија – Бугарија и ќе се натпреварува на Балканското првенство за млади до 20 години како член на македонската атлетска репрезентација.
Ја замоливме накусо да ни го опише нејзиниот пат по атлетската патека и тоа во прво лице еднина.
Еве што кажа Марија за себе, за семејството, тренерите, клубот и желбата еден ден да стигне до Олимписките игри.
-Спортот отсекогаш бил моја слабост.Уште од мали нозе постојано бевме надвор во нашата маaла на улица. Дома бев само јас девојче, покрај моите двајца браќа. Само едно девојче бев и во нашата мала и бидејќи постојано на улица се играше фудбал секогаш на другарите им фалеше уште еден,а тој уште еден бев јас и секако бев најсреќна.
Таа секојдневна активност, тоа постојано трчање можеби и ми беше предизвик да почнам да се занимавам со спорт.
За фудбал бев експерт но моите родители не сакаа бидејќи сум била девојче,па така што со фудбал продолжи професионално да се занимава мојот постар брат Христијан. На мојот брат- близнак Марко хоби му музиката, а јас си ја одбрав атлетиката бидејќи таа е кралица на спортовите.
Атлетика започнав да тренирам од мојата 14 година во дисциплините 100м,200,400м кај сега за жал покојниот професор Влатко Димитров. Тој беше прекрасен тренер,татко,професор и пред се’ човек со огромно срце кој знаеше да го препознае потенцијалот кај децата и во мене вгради едно жарче на самодоверба,мотивација и поголема љубов спрема спортот посебно спрема атлетиката.
Смртта на тренерот сите многу не потресе, Но, моравме да продолжиме , продолжив да тренирам со постарите атлетичари извесно време,а потоа сама. И се’ уште тренирам сама со тренинзи од надворешни тренери кои имаат широко срце и сакаат да помогнат на некој кој се труди и умеат тоа да го препозанаат, ретки се но ги има и сум среќна поради нив.
На натпреварите организирани од Атлетската фередација на РМ освоив доста медалчиња и направив лични резултати. Така што влегов и сум репрезентативка на РМ каде и веќе учествував и на Балкански првенства за младинки 2017 во Истанбул. Бев и во Романија таму го подобрив мојот резултат на 400м,а во Нови Пазар освоивме трето место во штафета 4х400м и си зедовме бронзен медал во конкуренција на сениори.
Изминативе три викенди учествував на напревари во сала во Софија, Бугарија така што овај викенд заминувам пак и како дел од македонската репрезентација ќе учествувам на Балканското првенство У20 во Бугарија каде ќе настапам во дисциплина 400м,и 4х400м, и се надевам дека ќе направам одличен резултат.
Морам да искажам голема благодарност до сите од клубот АК „Охрид“, до претседателот Пецо Неданов,до Атлетска федерација на РМ,до сите луѓе кои во овој период сакаа добронамерно да ми помогнат,посебно едно големо благодарам до тренерот Филип Колевски кој несебично ми помогна околу тренинзите,исто така, голема благодарност за поддршката од моите родители и моите браќа без нив немаше да сум ова што сум и сите роднини и пријатели кои ме бодрат по сите мои успеси и неуспеси. Но морам од сите нив да ја издвојам мајка ми ,мојот херој ,мојот допинг и да и кажам ТИ БЛАГОДАРАМ МАМО бидејќи заради мене успеа да ја одблокира сметката на АК „Охрид“ и овозможи и понатаму да бидам дел од овај долгогодишен и најтрофеен клуб која веќе 7 години беше блокиран,а со тоа кај мене всади уште еден поголем предизвик ,поголема мотивација да продолжам и во иднина да работам и да вложувам во себеси. Еден ден би и’ се оддолжила со моето учество на Олиписките Игри кои исто така се мој голем предизвик.
Морам уште и да напоменам дека пред неколку денови АК „Охрид“ доби и нов тренер. Тое професорот Миле Јовановски му посакувам многу среќа,така што се надеваме дека клубот ќе ни стане и поброен, бидејќи има доста дечиња кои се заинтересирани и нека биде ова и еден апел до сите кои сакаат да занимаваат со атлетика да дојдат и да станат дел од нашиот клуб, вели Марија.
Ние и веруваме во се’ што ни кажа и и’ посакуваме многу среќа во трките на кои ќе учествува. Марија, направи не горди и среќни твои сограѓани, донеси многу медали,а оствари го и твојот сон – учество на Олипијада. Убаво е кога човек сонува и се труди да ги реализира соништата.
Публицитет.мк