• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, јули 4, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Министерството за култура информираше дека формира стручна комисија за Али Пашината џамија

февруари 7, 2018
in Тикер
Министерството за култура информираше дека формира стручна комисија за Али Пашината џамија

Министерството за култура на Република Македонија ја известува јавноста дека формираше комисија од стручни лица, која ги испитува сите околности во однос на реконструкцијата на Али Пашината џамија во Охрид.

Работната група дојде до заклучок дека министерот за култура нема основа да ги запре работите, но ги охрабруваме сите надлежни институции да постапуваат доколку имаат индиции за прекршување на законските процедури. 

Работната група препорача, а Министерството ќе достави барање до УНЕСКО за стручно мислење – дали е во склад со стандардите за заштита на градот да се реконструира објектот во такви димензии. 

Министерството за култура нема ништо против обновувањето и заштитата на културното наследство, вклучувајќи ги тука и верските објекти, но сакаме тоа да се спроведува во законска процедура, почитувајќи ги сите прописи и постапки што се однесуваат на заштитување на објекти со историско значење. 
Би сакале да потсетиме дека слободата на вероисповед е загарантирана со Уставот на РМ, а дека заштитата на културното наследство, вклучувајќи ги историските верски објекти без оглед на религијата на која и припаѓаат, е наш врвен приоритет. Ние повеќе би сакале да ја гледаме културата и културното наследство како наше заедничко богатство кое не зближува.
 
Публицитет.мк
Посетеност: 67
Share
Previous Post

ЗГ. Совест бара итно запирање на работите на Али Пашината џамија во Охрид

Next Post

Марија Јованоска е новата охридска газела која со леснотија трча и освојува медали

Next Post
Марија Јованоска е новата охридска газела која со леснотија трча и освојува медали

Марија Јованоска е новата охридска газела која со леснотија трча и освојува медали

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 67

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk