Дипломираниот книжевник и филолог Марина Димовска од Охрид деновиве отвори свој канал на you tube на кој раскажува приказни за деца.
– Раскажувача е моја спонтана идеја. Јас многу сакам да читам и тоа да читам на глас приказни, поезија, проза. Првата моја публика за приказните за деца е мојот син Андреј кој има три години и ме слуша додека му читам без да трепне.
Тоа ме охрабри да го сторам следниот чекор приказните кои му ги читам да ги снимам , ислустрирам со музика и слика и да го отворам овој канал РАСКАЖУВАЧКА, вели во интервјуто за Публицитет. мк Марина Димовска.
Само што ќе го слушнете претпоставуваме дека ќе го препознаете нејзиниот глас присутен во етерот со години на Радио Охрид а јавноста ја зане како водителка на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“.
Со раскажувачката Марина разговараше Милчо Јованоски:
Таа за Публицитет.мк ексклузино дозволи да преземеме две од неколкуте приказни и да ги ставиме заедно со ова нејзино претставување на нашиот портал.
Публицитет.мк