• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home На минување

Марјан Радески, директор на Државно средно училиште РЦСОО “Ванчо Питошески”: Ние сме училиште со иднина

мај 25, 2022
in На минување
Марјан Радески, директор на Државно средно училиште РЦСОО “Ванчо Питошески”:  Ние сме училиште со иднина

Секој крај на учебната година за некого  значи нов почеток и потрага каде после деветтолетката да се продолжи со средно образование.Утре РЦСОО “Ванчо Питошески”од Охрид  има Отворен ден на кој  ги  чека идните средношколци да  ги  видат нивните потенцијали и во септември да бидат дел од образовниот процес. Марјан Радески, директор на Државното  средно училиште на наша покана одговори на неколку редакциски прашања.

 

Би Ве замолиле како прв човек на ова средно училиште со долга традиција во областа на угостителството и воопшто туризмот да ни ја пренсете неговата лична карта.

Име на Регионалниот центар

Државно средно училиште

Регионален центар за стручно образование и обука “Ванчо Питошески”

Локација на Регионалниот центар “Кеј Македонија” бр. 101 Охрид
Телефон 046/264-421 
Е–mail pitoseski@yahoo.com
Веб страна на Регионалниот центар www.vancopitoseski.edu.mk
Facebook страна на Регионалниот центар https://www.facebook.com/OUTU.Vanco.Pitoseski/
Училиштето е основано од Народниот одбор на општината Охрид
Верификација – број на актот 07-691
Година на верификација 14 јуни 1963 година
Регионалниот центар е основан со одлука на Владата на Република Северна Македонија бр. 44-10757/1 од 24.11.2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 281/2020), од 1 јануари 2021 година
Јазик на кој се изведува наставата Македонски јазик
Површина на објектот 2.102 м²
Површина на училишниот двор 10.475 м²
Површина на спортски терени и игралишта 2.400 м²
Број на вработени во Регионалниот центар 46
Струки и сектори во Регионалниот центар

Угостителско-туристичка струка

Угостителство и туризам

Профили на програмите во Регионалниот центар Образовни профили и квалификации:

  • келнер со тригодишно образование;
  • готвач со тригодишно образование;
  • хотелско-туристички техничар со четиригодишно образование;
  • угостителски техничар со четиригодишно образование;
  • угостителски техничар за рурален туризам со четиригодишно образование.
Број на ученици 176
Број на паралелки 17
Список на конкретни проекти во Регионалниот центар во текот на учебната 2020/2021 година

1. “Интеграција на еколошкото образование во македонскиот образовен систем”, финансиран од Здружение на граѓани ОХО, Швајцарска агенција за развој и МОН;

2. Програма на Европската комисија наменета за образование, обука, млади и спорт “Еразмус плус 2014 -2020”;

3. “Проект за меѓуетничка интеграција во образованието”, USAID, МОН;

4. “Проект за локална и регионална конкуретност”, финансиран од инструментот за претпристапниот доверителски фонд на Европската Унија, Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка), Владата на Република Северна Македонија;

5. Концепт за развивање на Регионални центри за стручно образование и обука, Министерство за образование и наука, Европска фондација за обука;

6. „Училиштето се среќава со компаниите“, Австриско Федерално Министерство за образование, наука и истражување, во соработка со Министерството за образование и наука и Центарот за стручно образование и обука.

 

РЦСОО “Ванчо Питошески”-Охрид е државно средно училиште лоцирано покрај самиот кеј на Охридското езеро во непосредна близина на “Факултетот за туризам и угостителство”, лесно пристапно за учениците, родителите и др. заинтересирани посетители.

Училиштето е формирано со решение бр. 05-80117/1 од 10 септември 1960 година од страна на Народниот одбор на општина Охрид, како стручно угостителско училиште со практична обука. Како образовна институција училиштето се верифицира со решение бр. 07-691 на 14 јуни 1963 година од страна на Советот за просвета на СР Македонија, со задача да подготвува кадри со општопризнат степен на стручно образование во ранг на квалификуван работник во угостителството за занимањето готвач, келнер и портир. Во судскиот регистар под назив стручно угостителско училиште со практична обука е запишано во Окружниот стопански суд во Битола под бр. 82/65 на 11 јануари 1966 година. Во учебната 1961/62 година запишани биле 35 ученици, чие образование траело 2 години. Првите предмети кои се предавале во училиштето биле: послужување, готварство, организација на угостителството со хотелиерство и странски јазик. Во јули 1964 година е предаден во употреба хотелскиот дел на училиштето кој се користи како ученички дом, а преку летниот период во комерцијални цели. Тоа беа почетоците, скромни, но со голема верба дека еден ден оваа воспитно-образовна институција ќе игра значајна улога во развојот на туризмот, како во регионот, така и пошироко во државата.

Во Регионалниот центар се изведува настава на македонски наставен јазик.

Во учебната 2021/2022 година се реализираат наставни планови и програми за образование на ученици од угостителско-туристичката струка и од секторот угостителство и туризам во следните профили:

  • готвач и келнер со три годишно образование;
  • хотелско-туристички техничар со четиригодишно образование;
  • угостителски техничар со четиригодишно образование;
  • угостителски техничар за рурален туризам со четиригодишно образование.

Образовните паралелки келнер и готвач се дуални паралелки, преку кои на младите им се обезбедува брзо и директно вработување, сигурна иднина и солидни лични доходи. За таа цел Регионалниот центар потпиша меморандуми за соработка со следните работодавачи во чии објекти ќе се реализира практичната обука и тоа: ДОО 2ЕР ХОТЕЛС-Охрид (Хотел СУ-Охрид), ДООЕЛ ГРАДСКА ПЛАЖА-Охрид (Хотел МИЗО-Охрид), ДООЕЛ ЧИНГО-Охрид (Хотел ЧИНГО), ДУТ Хотел СИЛЕКС ДООЕЛ-Кратово (Хотел СИЛЕКС-Охрид), Инекс Дрим АД-СТРУГА (Хотел ДРИМ-Струга), Тино Јуниор БДВ ДООЕЛ-Охрид (Хотел ТИНО-Св.Стефан), Тино Јуниор ДОО (Хотел ТИНО-Охрид), Хотел ГРАНИТ ДООЕЛ-Охрид, Хотели Метропол АД (Хотел БЕЛВИ-Охрид), Хотели МЕТРОПОЛ АД (Хотел МЕТРОПОЛ-Охрид), Хотел Милениум Охрид, Лаунч бар Лихнидос Охрид.

 

kokteli

  1. 2.       Образованието е подложно на експерименти и промени за кои често се зборува особено пред уписните рокови од кога го имате статусот на Регионален центар и како и поради што го заслуживете овој статус? Што ви носи тој?

Училиштето сите овие години активно е вклучено во реформите на средното стручно образование. Во учебната 2017/2018 година се воведе модуларно образование за сите образовни профили со 3-годишно траење и за образовниот профил хотелско-туристички техничар со 4-годишно траење како експериментална паралелка. За таа цел во рамките на проектот “Јакнење на доживотното учење преку модернизација на системот за стручно образование и обука и образованието на возрасни”, финансиран од Оперативната програма за Развој на човечки реурси (2007-2013), Европската Унија и Британскиот совет, од страна на ЦСОО се изготвија соодветни наставни планови и наставни програми-модуларно дизајнирани. Во учебната 2019/2020 година модуларното образование се воведе за сите образовни профили со 4-годишно траење кои се изучуваат во прва година. За таа цел во рамките на Проектот за развој на вештини и поддршка на иновации (СКИЛС проект) во согласност со донесенета Концепција за модернизација на техничкото образование, од страна на ЦСОО и БРО се изготвија соодветни наставни планови и наставни програми-модуларно дизајнирани.   

Како дел од Концептот за развивање на Регионални центри за стручно образование и обука, финансиран од Министерството за образование и наука и Европска фондација за обука, со одлука на Владата на Република Северна Македонија бр. 44-10757/1 од 24.11.2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 281/2020), од 1 јануари 2021 година се менува статусот на училиштето во Државно средно училиште Регионален центар за стручно образование и обука.

Регионален центар за стручно образование и обука

 

Што претставува тоа?

1. Координатор и поддржувач на сите или на некои училишта во регионот;

2. Воспоставува цврста соработка со други училишта, на пример за договори за услуги или заедничко сопствеништво врз „Регионалниот центар“

 

Што обезбедува?

1. Одговара на приоритетните потреби на сите училишта во регионот;

2. Воспоставува соработка помеѓу училиштата и бизнис заедницата за учење преку работа;

3. Дополнителна поддршка за ученици со посебни образовни потреби;

4. Континуиран професионален развој;

5. Образование на возрасни;

6. Развој на наставни програми и материјали;

Со тек на време, може да помогне да се координира и рационализира понудата на СОО и понудата за образование на возрасни.

При утврдување на функциите РЦСОО се земаат во предвид локалните карактеристики на југозападниот регион. Функциите на Центарот се базираат на образовните приоритети и потребите на пазарот на труд на национално и регионално ниво.

  1. 3.       Матурантите го напуштаат училиштетот а Вие сте веќе насочени кон новата генерација од септември. Какви струки и профили ги очекуваат полуматурантите  според Конкурсот за упис и колку слободни места имате?

 

Согласно Јавниот конкурс за упис на ученици во јавните средни учлишта, во Регионалниот центар во учебната 2022/2023 година ќе се реализираат наставни планови и програми за образование на ученици од:

  1. Секторот угостителство и туризам и
  2. Хемиско технолошката струка

во следните образовни квалификации:

 

 

kazan

СЕКТОР УГОСТИТЕЛСТВО И ТУРИЗАМ: 168 ученици, 6 паралелки

 

А. ДУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ

 

Рб Образовна квалификација Години на образование Број на паралелки

Број на

ученици

Минимум поени за упис
  Келнер 3 1 25 30
  Готвач / Слаткар 3 1 25 30
  Хотелско – туристички техничар 4 1 25 45
  Угостителски техничар за рурален туризам 4 1 25 45

 

Б. ДРУГИ ОБРАЗОВНИ КВАЛИФИКАЦИИ

 

Рб Образовна квалификација Години на образование Број на паралелки

Број на

ученици

Минимум поени за упис
  Угостителски техничар / Техничар за настани и анимации 4 1 34 45
  Хотелско-ресторански техничар 4 1 34 45

 

 

 

ХЕМИСКО-ТЕХНОЛОШКА СТРУКА: 68 ученици, 2 паралелки

 

Рб Образовна квалификација Години на образование Број на паралелки

Број на

ученици

Минимум поени за упис
  Пекар 3 1 34 30
  Месар 3 1 34 30

 

  1. 4.       Кадрите кои излегуваат од ова училиште слободно може да се рече дека на берзата на труд се меѓу најбараните а во последно време и добро платените. Во образовниот процес го имате воведено и дуалното образование што значи тоа?

Кадарот што го произведува нашето училиште е дефицитарен на пазарот на трудот. Според податоци од Агенцијата за вработување скоро 45% од младите лица до 24 години се невработени, затоа што нивните знаења и вештини не се во согласност со барањата на пазарот на трудот. Во Центарот се реализира дуално образование, преку кои на младите им се обезбедува брзо и директно вработување, сигурна иднина и солидни лични доходи.  

ДУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ? Стручното образование се реализира на две места за учење. Во стручните училишта се учи теорија, а кај работодавачите се врши обука за практичните содржини. Доаѓа до заедничко дејствување на два правно одвоени носители на образование, без да постои единица на управување која е над нив, а одговорноста за создавање на компетентни кадри за пазарот на труд е одговорност на двата правни субјекти.

  1. 5.       Практична настава во објектите на партнерите но и во училиштето. Современа кујна и низ кои други форми се обидувата теоријата да ја преточите во успешна пракаса и по четири години на туризмот да му предадете што би се рекло готов кадар?

Практичното образование претставува вид организирана форма на стекнување стручни и трансферзални знаења, вештини и компетенции за вршење работа и работни задачи во рамките на еден работен процес.

 Во центарот согласно предвидените наставни планови и програми за средното стручно образование, се реализираат и разни видови практично образование и тоа:

Практична настава, претставува форма на практично образование која им овозможува на учениците да стекнат

знаења, вештини и навики кои се потребни за вршење на работата во рамките на квалификацијата и оспособување за брзо вклучување во процесите на конкретна технологија на работа. Практичната настава се реализира во училишни објекти (соодветни кабинети/работилници, училишни компании) и во реални процеси кај работодавач;

Учење преку работа кај работодавач УПР, претставува учење кога учениците учат преку работа во реална работна

средина и услови за производство на реални стоки и услуги;

Феријална пракса, е форма на учење преку работа кај работодавач, која се организира по завршувањето на

наставната година, и по правило, во континуирано траење од 20 дена кај соодветен работодавач. Феријалнатата пракса ќе се реализира соглано “Упатството за феријалната практика”, изработено од страна на работната група за феријална практика, по иницијатива на Центарот за стручно образование и обука, со поддршка на проектот “Образование за вработување во Северна македонија” (Е4Е@мк).

Центарот назначува координатор за учење преку работа од училиштето. Координаторот е лице кое ги координира активностите во однос на планирање, организација, реализација, следење и евидентирање на феријалната практика за подобрување на процесите на учење преку работа и е врската помеѓу центарот и работодавачите.

Пред ученикот да започне со изведување практична обука (практична настава, УПР, феријална практика) претходно мора да има завршено основна обука за безбедност и здравје при работа. Училиштето организира задолжителна обука  за секој ученик.

Како дел од Концептот за развивање на Регионални центри за стручно образование и обука, во тек е:

  • Реконструкција на училишниот простор согласно стандардите за простор и опрема за стручно-теоретска настава,

практична обука и вежби;

  • Набавка на наставна опрема и нагледни средства за подобрување на квалитетот на наставата согласно стндардите за

опрема.

  1. 6.       Вашата предност е што кај Вас имате и Ученички дом во кој децата кои не се од Охрид а кои ќе се запишат во ова училиште ќе можат да се сместат во него. Збор два за капацитетот и условите за престој и начинот на финансирање и на Домот , ама и на учениците кои ќе го користат.

Регионалниот центар во својот состав има ученички дом, кој се состои од хотелски и ресторански дел со кујна, во кој учениците

имаат:

  • бесплатно сместување;
  • три оброци во текот на денот;
  • 24/7 ангажирана воспитувачка и чуварска служба.

Во тек е целосна реконструкција на ученичкиот дом.

natpre

  1. 7.       Каква е соработката на училиштето со други сродни училишта кај нас и во регионов и пошироко?

Регионалниот центар е должен да обезбеди и обезбедува поддршка на другите сродни училишта во југозападниот регион, а исто така, години наназад, Центарот остварува добра соработка со бројни сродни училишта надвор од нашата земја, како на пример од: Република Хрватска, Србија, Словенија и Турција.

Од друга страна, поаѓајќи од постигнатите резултати и вербата во потенцијалите на нашите ученици, нашите ученици земаат активно учество на бројните гастро натпревари (во организација на GATUS, АEHT, BAHA и др., во нашата држава, во Република Словенија, Република Босна и Херцеговина, Република Хрватска, Република Турција, Република Бугарија и др., како и на разни спортски натпревари, литературни конкурси, МАССУМ и др. натпревари што се организираа на локално, национално и меѓународно ниво. Центарот користи разни средства-медиуми (радио, печатени, ТВ, електронски медиуми, веб страна на училиштето и сл.) за афирмирање на постигањата на нашите ученици.

  1. 8.       Плановите за развој на училиштетот и која е вашата максима?

Регионалниот центар постави три групи приоритети за сопствено реформирање и развој:

  • Усогласување на стручното образование и обука со потребите на пазарот на труд;
  • Подобрување на средината за учење и квалитетот на стручното образование и обука
  • Подобрување на капацитетите на човечките ресурси.

Кои се нашите очекувања во иднина?

  1. Регионален центар за пример, кој што ќе создава кадар потребен на реалниот сектор.
  2. Задоволни ученици, стекнати со потребните знаења, компетенции и вештини.
  3. Задоволен реален сектор, во кој работи стручно оспособен и компетентен кадар.
  4. Праведна уписна политика, која ќе излезе во пресрет на барањата и потребите на Регионалниот центар и на реалниот сектор.

Публицитет .мк   

Посетеност: 141
Share
Previous Post

Во петок Отворен ден во РЦСОО “Ванчо Питошески“-Охрид

Next Post

„ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид ќе учествува на силниот турнир „3 Гран При Зворник 2022“

Next Post
„ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид ќе учествува на силниот турнир „3 Гран При Зворник 2022“

„ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид ќе учествува на силниот турнир „3 Гран При Зворник 2022“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 141

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk