Мартија Станојковиќ е македонска претставничка на детската „Песна на Евровизија“ со хитот од Александар Масевски, „ Love Will lead Our Way“.
Изборот ќе се одржи утре во Валета, Малта,а МРТВ ќе врши директен пренос на Собранискиот канал од 16 часот.
„Како и секој учесник, така и јас се надевам на победа и добар пласман“, изјави Мартија,пред заминувањето за Малата каде ќе учествува на 14 издание на детската Евровизија. Таа е една од најпопуларните претставници за годинава. Само една недела од објавувањето на песната, собра над 150 илјади прегледи на официјалниот евровизиски канал на Јутјуб.
Погледајте го видеото и да и посакаме среќа на нашата Мартија!
Публицитет.мк