• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, јули 1, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Машкиот и женскиот мозок стареат различно

јануари 20, 2016
in Uncategorized

Научниците ја откриле клучната разлика во начинот на стареење на машкиот и женскиот мозок.

Се чини дека длабоките субкортикални структури во мозокoт побрзо стареат кај мажите отколку кај жените. Тоа може да е причината зошто мажите со стареењето се поподложни на невролошки заболувања како што е Паркинсоновата болест.  

Ова се наоди од научниците од Универзитетот во Сегедин, Унгарија. Тие ги анализирале мозочните структури на 53 мажи и 50 жени кои биле споени според возраста. Особено внимание било посветено на субкортикалните мозочни структури – делови од мозокот што се вклучени во контролата на движењата и обработката на емоциите, како и на таламусот кој раководи со пренесувањето на информациите помеѓу различни делови од мозокот додека разmислуваме.

Иако кај сите учесници, со стареењето, е забележана редукција на севкупното мозочно ткиво и волуменот на таламусот, намалување на големината на делови од мозокот кои ги контролираат движењата на телото (caudate nucleus и putamen) биле забележени само кај мажите. Покрај тоа, се покажало дека сивата маса во сите делови од мозокот побрзо се намалува кај мажите, што може да укажува на процеси на побрзо мозочно стареење.

Во претходни истражувања се покажани некои основни разлики помеѓу мозокот на мажите и жените. На пример, машкиот мозок обично е поголем од женскиот, иако поголемиот мозок не значи дека е и попаметен. Исто така е познато дека мажите се поподложни на Паркинсонова болест, додека кај жените поголема е веројатноста да развијат Алцхајмер.

Новото истражување би можело да укаже на една од причините зошто е тоа така, иако не се знае што точно се случува што го предизвикува тоа – хормоналните промени и реакцијата на мозокот на тие промени може да е една од тие причини.

После вакви впечатливи откритија, потребно е да се направат понатамошни истражувања за да се поткрепат овие наоди и подобро да се разберат причините. Со време, сепак истражувањето би можело да доведе до подобри третмани, а потенцијално дури и до лек за овие тешки невролошки заболувања и кај мажите и кај жените.

Истражувањето е опишано во „Brain Imaging and Behaviour“.

Извор: enauka.mk 

Посетеност: 90
Share
Previous Post

Интернетот не е она што ни го одзема вниманието во работата

Next Post

Заев: Не излегуваме од влада, на Договорот од Пржино му даваме шанса до 24 февруари

Next Post

Заев: Не излегуваме од влада, на Договорот од Пржино му даваме шанса до 24 февруари

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 90

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk