Зелениот “ѓавол” постави нов рекорд на зелениот “пекол”…
Mercedes-AMG GT R и официјално е најбрзиот спортски автомобил со заден погон на познатата патека Нирбургринг. Имено веднаш штом ќе се спомене спортски автомобил, се размислува и на неговата брзина и поставеното време(како што е и во случајот со GT R на Нирбургринг), но за ваквиот резултат се грижат голем број на авто магазини особено од Германија кои спроведуваат сериозни тестирања на голем број спортски автомобили.
Па така во овој случај магазинот Sport Auto пред неколку дена спровел тестирања врз Mercedes-AMG GT R кој на легендарната патека поставил време од 7:10:9, што значи дека е поставен нов рекорд имајќи во предвид дека предходниот рекорд беше поставен од Porsche 918 Spyder со време од 7:11! По добиените информации Daimler-Benz веднаш го објавија видеото и резултат за овој нивен успех…