Големата балканска ѕвезда Жељко Јоксимовиќ на 3 август ќе одржи концерт на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.
Според најавите од организаторот, Прагма Продукција, познатиот пејач и кантавтор ќе ја забавува публиката повеќе од два часа а ќе ги отпее неговите најголеми хитови кои се омилени кај сите генерации.
Билетите ќе бидат пуштени во продажба од утре, четврток и ќе може да се набават преку продажната мрежа на “Купи Карти За Се” низ цела Македонија, во Југотон и цвеќара “Розе” – Веро 2.
Публицитет.мк