Со имплементирањето на овој проект, ВМРО-ДПМНЕ директно овозможува да се субвенционираат младите семејства кои имаат дечиња и им учат од прво до петто одделение. Истовремено се поттикнуваат учениците да практикуваат здрави навики, навремено да се исхрануваат и да користат разноврсни продукти полезни за нивниот раст и развој, најави кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ Митре Милошески.
Целта на проектот е избегнување на брзата храна и воведување на нови стандарди и практики. Родителите го штедат домашниот буџет, а се спокојни во однос на тоа со каков квалитет на храна се исхрануваат нивните деца. Само образовано население со здрави навики може соодветно да им одговара на предизвиците од модерното општество. ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш е на страна на граѓаните и одлуките кои ги носи, ги носи единствено во полза на охриѓани, рече Милошески.
Публицитет.мк