Охрид мора да биде убав, да направиме од градот убаво и квалитетно место за живеење со светла иднина за охриѓани.
Ова го изјави кандидатот за градоначалник на Општина Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и здружената коалиција, д-р Митре Милошески, денеска на прес-конференција.
-Мотивирани и убедени во подоброто утре најавуваме реконструкција на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“. Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ има потреба од проширување и дополнително уредување со комплетно партерно уредување. Новиот и модерен плоштад ќе биде гордост на охриѓани и туристите. Културните, музичките и останати манифестации заслужуваат нов убав уреден плоштад.
Според него, охриѓани и туристите мора да добијат модерно место за релаксирање, разговор и, како што рече, пријатно поминато слободно време.
-Покрај тоа, со уредувањето на нови и одржувањето на постојните паркови придонесуваме за поубав и позелен лик на градот.Помина доволно долго време за граѓаните да сфатат дека ветуваниот живот и проектите нема да се реализираат. Затоа ние нема да застанеме тука со уредување и реконструкција на плоштадите, како и со реализацијата на многу други проекти од Програмата, истакна на денешната прес-конференција, кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ, д-р Митре Милошески.
Публицитет.мк