Уникатните вредности на Охрид ни даваат насока и обврска за културен резултат во секоја активност која ја цениме како промотор на градот, определување на неговите вредности и зачувување на ликот на градот, рече на денешниот прес д-р Митре Милошески.
-За убав град културата треба да биде на пиедестал, а нашата заложба ќе биде одржување што поголем број меѓународни манифестации, национално-културни настани, концерти и претстави, изложби и промоции.
Охрид како развиена културна средина да биде театарска и филмска ризница од културни вредности преку:
Поддршка за фестивалот Охридско лето како еден од најрепрезентативни фестивали на кој настапуваат врвни светски имиња;
Организација и поддршка на Охридската академија на хуманизмот;
Прличевите беседи и Поетска ноќ во Велестово да бидат поетски бисери за градот, одржување и поддршка за фолклорните фестивали: Охрид фест, Канео фест, Охридски хорски фестивал, Француски филмски фестивал, Фестивалот на Египќани, реномираниот Балкански фестивал на народни песни и ора, и уште многи други.
За афирмација на културата и туризмот за убав град вниманието го насочуваме кон:
Обележување на културни историски и археолошки локалитети со легенда;
Означување на локациите во градот од каде што се напишани староградските песни со кратка легенда и текстот на песната;
Поставување рекламни билборди со автентични фотографии од стар Охрид како сведоштво за изгледот на градот во минатото.
За убав град зацртаното како цел е реално и остварливо со што културниот живот ќе оди во вистински правец затоа што Охрид го заслужува тоа, рече Милошевски.
Публицитет.мк