Кога помислувам на Нова година, ми се јавуваат помешани чувства, нешто како рекапитулација на тоа што се случило ,што требало -а не било,било-а не требало…
Веќе старата 2017 година во секој поглед беше доста турбулентна година ,но бидејќи семејството ми е секогаш на прво место,успесите на ќерките и 50. роденден на сопругот и патувањето низ бившите ЈУ простори како роденденски подарок ми ја одбележаа оваа година.
Во Новата година очекувам пред се’ здравје и радости за секој еден човек,приближување на нашата земја кон ЕУ и НАТО,семеен мир и хармонија во домот. Силно посакувам да се врати сјајот на конзулска Битола, градот во кој се родив, пораснав и живеам.
Да ми се живи и здрави сите мои мили, да сме сите на број и заедно да се радуваме на секој нов ден.
Впрочем тоа што за себеси го посакувам им го посакувам на сите. Секако вербата дека се уште има луѓе кои се тоа во вистинска смисла на зборот,се она што ме тера да одам напред во остварување на целите на професионален план и секако желбата да се помогне како хуманист по убедување.
Мили мои охриѓани нека Ви е среќна Новата 2018,уживајте во убавините што ги имате!!!
Мојот музички поздрав до сите вас е во изведба на вонвременскиот и единствен Оливер Драгојевиќ. Тоа е песна за сите времиња,песна која мене ми буди спомени од младоста и студентските денови,но и сега слушајте ја, следете го текстот и релаксирајте се.
-Верувај во љубов,во добро и зло,позитивна песна со силна порака….да ја сочуваме љубовта!
Мимоза Кузманова-Танушевска ,дипл.правник,вработена во Македонска пошта – Битола. По дедо од мајка ми – Климент Спростран охриѓанка,варошанка, ха ха ха!
Публицитет.мк