Министерката Стефоска ја промовираше првата електонска апликација за Годишните конкурси на Министерството за култура за 2022 година.
-Со оваа апликација се забрзува целиот процес – од пријавување до изготвување на решение. Да напоменам дека со затворањето и испраќањето на пријавата, секој корисник автоматски добива архивски број на неговата е-меил адреса. Со тоа се избегнува метежот пред архивата на Министерството за култура, физичкото поднесување на документи и , што е многу важно, времето за евалуација на поднесените пријави се скратува за десетина илјади работни часови или во целиот процес се кратат два месеца поради досегашното рачно заведување на пријавите, појаснува министерката за култура на РСМ, Ирена Стефоска.
Публицитет.мк