Пребарувајќи по Фејсбук групата „Охрид, Охрид убав, мил“ наидовме на една интересна фотка од Мирко Вујисиќ.
Фотографијата доволно зборува, кога сте уметник- уметник сте во се’. Независно дали сте тоа со четките и боите или пак со фотоапаратот.
Не требаше многу за да стигнеме до дел од биографијата на господинот Вујисиќ.
Мирко Вујисиќ е роден 1957 година. Училиште за применета уметност завршил во Скопје, на Одделот за графика во 1977 година. Педагошка академија завршил во 1979 година. Во 1984 година дипломирал во првата генерација на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на одделот Графика во класата на професор Драгутин Аврамовски. Во 1998 година магистрирал на Факултетот за ликовни уметности во Белград во калсата на професор Небојша Радојев. Во 1984 ја добил наградата на Факултетот за ликовни уметности „За најдобар покажан успех во текот на студирањето по матичниот стручно-уметнички предмет графика“.
Во 1985 година ја добил Наградата за најдобар студент на генерацијата на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје.
Во 1989 година ја добил Повелбата и Наградата од Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје за покажан најдобар успех во студирањето меѓу двата јубилеја 1949-1989 година по повод 40-годишнината од основањето на Универзитетот.
Изложува графика, цртеж, слика, калиографија на голем број самостојни и групни изложби во земјата и во странство.
Предава цртање, графика и графички техники. Во својата педагошка активност се посветува и со подготовка, пишување на рецензии и предговори, промовирање на изложби и афирмирање на сликарската уметност.
Публицитет.мк