
Александар и Дац – Цреши охридски (Охрид Фест 2019) Музика, текст, аранжман: Александар Митевски Микс и мастеринг: Бобан Василески Армоника: Војче Петрушев Гитари: Бобан Василески Видео: MEGA Production – Охрид Благодарност до: Општина Охрид Fashion Group, AristoteliBitsiani Pikado продукција.
Текст:
Дал’ е ова оној Варош што го знам кај што душава ми остана.
Таа тивка празна калдрма кај што љубовта ми угасна.
Господ знае пробав да заборавам како кајче да ја пуштам тагата, залудно е и да пробувам ми ја враќа назад далгата.
Боеми, песни запејте можеби и младоста ќе ја вратите, рибари, мрежи фрлете можеби и љубовта ќе ја фатите.
Песнава лечи срца скршени, ко’ старо вино штом ќе одлежи уште те барам јас во спомени и твоите очи, цреши охридски.
Песнава лечи срца скршени, ко’ старо вино штом ќе одлежи уште ги љубам јас во спомени твоите усни, цреши охридски.
Дал’ е ова мајко, Варош што го знам кај што душава ми остана. Таа тивка празна калдрма кај што љубовта ми угасна.
Публицитет.мк







