Светска премиера на новиот концепт на Mitsubishi Motors на најстариот светски саем за автомобили во Париз.
Станува збор за концепт возилото MITSUBISHI GT-PHEV, кој всушност ја претставува следната генерација на Mitsubishi Motors SUV возила. Возилото е опремено со напреден plug-in хибриден електричен систем, кој користи три мотори. Овој концепт всушност го отсликува имиџот на “ground tourer”, возило креирано за патни крстарења по различен вид на терен и се истакнува со својата функционална убавина, посебни можности, динамичност и препознатливата јапонска прецизност при изработка.
На предниот дел на возилото се наоѓа препознатливата решетка на Mitsubishi, т.н. „Динамичен штит“, додека страничниот дел содржи две хоризонтални линии со кои се истакнува SUV изгледот, но и влијае при обезбедување врвни перформанси за стабилноста на возилото. Муслулестиот изглед оддава впечаток како автомобилот да е направен од „едно парче“ метал, каде е внимавано на секој детал при неговото финално обликување.
Внатрешноста на овој концепт содржи челна конзола која создава амбиент на просторност и во исто време ги окружува патниците, со што овозможува поголема удобност и безбедност.
Инаку она што е и најинтересното кај ова возило всушност се наоѓа под хаубата, и уште на неколку други места. Да бидејќи е хибридна верзија која што веќе спомнавме дека содржи дури три мотори, од кои два електромотора поставени во задниот дел, секој со моќност од 45 kW и еден електромотор од 90 kW поставен на предната страна. Освен електромоторите, како погон се користи и бензински мотор со внатрешно согорување со зафатнина од 2,5 литри. Само во електричен режим на работа, возилото ќе може да помине 120 км, додека во комбиниран може да измине дури 1200 км..
Извор: www.rpm.mk