Во октомври 2021 година , се одржа најголемиот глобален настан за развивање на игри Game Jam +, кадешто учениците во втора година од ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид Виктор Попов и Марио Павлески се претставија со играта Paint the Thing. Од 24 тимови од Македонија и Израел, тие како најмал и најмлад тим , се квалификуваа на европскиот натпревар.
Од таму, избија на прво место и се кавлификуваа за светскиот натпревар на Game Jam кој ќе се одржи во Бразил во јуни оваа година. Game Jam Plus се одржува еднаш годишно истовремено на голем број локации во вид на 48-часовен маратон на кој се креираат игри за секаков вид платформи. Како дел од International Game Developers Association (IGDA) неговата цел е да ги обедини сите кои креираат или имаат желба да креираат игри и да поттикне креативност, соработка и експериментирање. Веста за нивното пласирање како претставници од Македонија, беше објавена на 5 март на лајв стримот на Game Jam + на нивната фејсбук страница. Да им посакаме на овие млади луѓе успешно да ја претстават нашата држава и да постигнат уште подобар успех понатаму.
https://www.facebook.com/watch/live/?ref=watch_permalink&v=700427827967565
Публицитет.мк