• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

Мочуришните предели и минато и иднина

февруари 1, 2016
in Аргументи за

Во пресрет на втори февруари Денот на мочуришните предели 

Ако ние кои сме на страната на еколошките аспекти, кажеме повторно  дека  мочуриштата (блатата) се природни простори од кои зависи рибарството и рибниот фонд, одгледувањето на култури, ендемизмот на едно подрачје , чистотата на водата, заштитата на крајбрежието и заштитата од поплави и секако развоjoт на туризмот, дали на тоа ќе се поверува или повторно како и досега ќе се деградираат тие факти?

Како да не е доволно што се деградирани самите тие живеалишта.Токму таквиот израз на несфатлива негација на своето, е оној егоистичен пристап кон нештата, пристап со кој колективно никој не е задоволен, кој го оддалечува човекот од природата, од останатите граѓани и од неговото битие. Денот на мочуришните предели -2 .февруари, треба да ни биде пресврт од тој Егоистичен  пристап во ЕКОистичен пристап на функционирање којсе грижи за доброто на целиот систем и за целокупен економски,еколошки и социјален баланс меѓу човекот, институциите и природата, во кој интересот ќе го има заедницата.

Мочуриштата кај нас имаат и една друга охридска и струшка димензија. Тие се дел од нашата емоционална историја, места каде учевме да пливаме, да се бориме, да ловиме риба, да живееме заедно со животинскиот свет, места во кои растевме, се враќавме дома потполно водени но среќни. Емоционалната историја и наследство мора да се сочува. Блатните површини се дел од идентитетот на охридската приказна и дел од охридизмот како филозофија. Впрочем, од друга страна гледано, се поставува прашање што добивме економски и социјално со тоа што деградиравме голем дел од природните ареали ? Се развивме ли повеќе после тнр.урбанизација во тие ареали, имаме ли придобивки од тоа во туризмот, се подобри ли стандардот и квалитетот на живеењето во Градот или околу Езерото ?  

Немаме уште многу преостанато од реалните природни вредности. Посебно не од Студенчишкото Блато кои во голем дел е веќе деградирано. Борбата е да се сочува барем оној преостанат дел кој е врзивно ткиво со езерото и дел од неговиот екосистем и истиот да се уреди за научни и туристички цели. И таа борба не е од сега. Активна и јавна е уште од 2000 година и со слабости  и со добри моменти. Впрочем примерот на уредувањето на блатото Дрилон на албанската страна на Охридско езеро е успешна наша билатерална приказна  која покажува дека ако се фати поентата, се се може. Истото  може да се примени и во Белчишкото Блато кое е извонреден предел на заштитен свет со голем  капацитет за туристичка валоризација. Јас и натаму верувам дека може и мора!

Мочуришта за одржливо опстојување е мотото на годинашнава глобална прослава на овој Ден , а  се со цел да се истакне огромна важност на овие водени предели за човештвото и за остварување на целите за одржлив развој. Токму одржливост е клучниот збор на еко-борбата. Екологизмот на кој припаѓам не подразбира кочење туку напротив користење на вредностите како потенцијал за развој. Посебна вредност терминот одржливост добива во места со впишано светско наследство како што е Охридскиот регион, каде развојот на заедницата околу Езерото мора да се потпира на културната и природната уникатност и пејсажни вредности. Светот одредил вакви места и предели за да бидат со чувани  и утврдил механизми за заштитената животна средина да биде двигател на туризмот, економскиот раст и работни места. Ние сеуште овде несфатливо се убедуваме дали сочувувањето на вредностите е важно или не. И додека не се убедиме, устите и натаму ќе ни бидат полни со Охрид и Езерото, а стратешки ќе лутаме глумејќи нешто што не сме, несигурни во сопствените вредности и иднина кои некој во Светот уште пред 37 години официјално ни ги признал и осигурал.  

Охрид , 01.02.2016 година                                                                                                  Дејан  Пановски

Посетеност: 123
Share
Previous Post

“Не кажувај либе добра ноќ” за денот на виното и љубота во Охрид

Next Post

Доделени сертификати за успешно завршени обуки

Next Post

Доделени сертификати за успешно завршени обуки

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 123

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk