• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Uncategorized

“Не кажувај либе добра ноќ” за денот на виното и љубота во Охрид

февруари 1, 2016
in Uncategorized

Со музички ноти во еден несекојдневен амбиент, охриѓанецот Петар Маркоски ги кани гостите и своите сограѓани на едно заедничко прославување на празникот на виното и љубовта.

Проектот насловен како “Не кажувај либе добра ноќ” кој ќе се реализира на 14 февруари има за цел да ја долови прекрасната мелодичност и музичките текстови на песните од минатите генерации кои се иднетификуваат со свој генерациски код и своја харизма.

“Сублимирајќи и трансформирајќи ја нивната моќ од минатото во сегашниот модерен начин на брзо темпо на живот , многу луѓе ќе ја откријат својата подзаскриена и подзаборавена љубов , на нивната немирна душа ќе доживеат емоционална средба со прекрасната убавина на нивната незаборавна младост”, вели Маркоски.

Проектот е замислен да претставува патување низ минатото на град Охрид, патување кое на слушателите ќе ги однесе во далечното минато на убавиот град и неговата магија.

“Ова сценско патување е замислено да биде во моја главна интерпретација каде вокално и инструментално на виолина ќе ги изведувам старите македонски песни кои се оставени од нашите предци и се пренесувале од колено на колено за и ден денес  да се негува тоа богатство, во придружба на професионални музичари, заедно со Даниел Јовески во придружба на пијано”, истакнува Маркоски, додавајќи дека тоа ќе бидат најубавите одбрани македонски песни преку кои се искажувала непреболената љубов, маката на македонскиот народ, борбата и непокорливоста.

Помеѓу другото своја специфика на настанот дополнително ќе даде и уникатната  декорација, која ќе биде со специфични елементи.

“Сцената ќе биде мал Охрид, симболика на она што секојдневно го гледаме и во она што сме заљубени и ни ја исполнува душата. Музиката од една страна ја свири македонската песна а млади и стари парови минуваат на сцената, односно по охридските улици седнуваат на клупите под врбата, уживаат во погледот , облечени во облека од минатото. Мажите во елегантните убави стари костуми а дамите во своевременските охридски фустани”, истакнува Маркоски.

Настанот ќе се реализира во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид со почеток во 20 часот. Како спонзори на проектот се јавуваат хотелот “Инекс Горица” и кафе барот “Мистер И”. 

Посетеност: 109
Share
Previous Post

Јанева: Јас го кажав своето, на ред е Советот на јавни обвинители

Next Post

Мочуришните предели и минато и иднина

Next Post

Мочуришните предели и минато и иднина

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 109

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk