..Немаше место каде што не ја сретнав. По нејзината воздишка го запомнував воздухот … за да можам да ја стигнам, да ја задржам.
-Ехх,…да можам да ја покажам, да ја прекажам, да ја раскажам….,напиша Наташа во објавата на својот фејсбук профил споделувајќи ја сликата која предизвика лавина, позитивни коментари на оваа социјална мрежа.
Се надеваме дека и Вие почитувани наши читатели ќе ја препознате убавината на сликата создадена од неуморната д-р Наташа Попоска Карче и пренесена до Вас во вид на фотографија.
Можеме да претпоставиме дека оваа слика ќе е една од серијата слики за нова изложба со која Наташа најверојатно ќе не изненади наскоро.
Публицитет.мк