Автор на оваа слика – масло на платно едноставно насловена „Мојот Охрид“ е стоматологот д-р Наташа Попоска – Карче од Охрид.
Сликањето е една нејзина голема љубов и зад себе има самостојни и групни претставувања и учества на изложби колонии кај нас и во странство.
Наташа во една пригода ни рече дека до нејзиното име можат да стојат многу придавки ние би рекле епитети и особини кои ги поседува: ведра, насмеана, упорна, емотивна…
– Верувам во физичко докажување на нашиот Универзум, а тоа се постигнува само со акција… Всушност не кажувај- покажувај, не зборувај – делувај…, вели таа.
Во последно време во светот на уметноста нејзина мисла водилка е оваа Додај му на светот малку боја!
Публицитет.мк