• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, мај 9, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Мојот живот, мојот свет

„Мојот живот, мојот свет“ – Арслан Сулејман

јануари 22, 2016
in Мојот живот, мојот свет

Публицитет.мк ви нуди за слушање и за размисла  уште една интересна аудио приказна, овој пат раскажана од страна на познатиот, признат и ценет физиотерапевт Арслан Сулјеман од Охрид.

Физиотерапевтот Арслан Сулјеман зад себе има над дведецениски работно искуство стекнато во јавното здравство и речиси шест години во својата приватна ординација АЛТА ЦЕНТАР.

ARSLAN

Токму неговата ординација е неговиот живот и неговиот свет. Во неа е среќен што работи заедно со помалата ќерка Адријана.

Арлсан искрено ни рече дека уште во петто , шестто одделение знаел дека го влече медицината,а на крајот од средната школа ( учел био –техника ) и го избрал рационалното – продолжил на Вишата физиотерапевтска школа во Белград.

ARSLAN 1

Немаше да бидам тоа што сум денес ако не беше физиотерапевтот Паско Гоџо од Струга кој работеше  во Коснозглобната  болница, ( кадце што работеше и мајка ми) тој ме воведе во тајните на оваа професија.

ARSLAN 3

Го прашавме, она што многумина би го прашала доколку би биле на наше место:

Во што е тајната на успехот, во неговите „златни“ раце или љубовта што ја дава преку работатата и негата кон секој пациент? 

ARSLAN 4

Зборувавме за неговотот детство минато крај Градска плажа и месноста Дрвара каде што живее во сопствениот дом.

Првите сеќавања му се врзани со кусите патувања со автобус до Струга каде што живеат роднините по мајка му. Пораснал во мултиетничка средина и имал среќно детство, најблиските другари распрснати му се низ целиот свет, но кога доаѓаат преку лето, пак се гледаат.

ARSLAN 2

 Ни раскажа за долгите детски денови,поминати покрај реката Грашница, пливањето, скитањето до Плаошник, Канео, Лабино… За бескрајното играње фудбал и гледањето бокс во живо организиран од нивниот повозрасен другар, Петрит Ислам кој за жал не е меѓу живите. Се сеќава на улицата „Махмут Рифат“ и импровизираниот боксерски ринг.

ARSLAN 5 ARSLAN SO DEVOJKATA

Арслан со многу носталгија и емоциии зборува за својот покоен татко и дедо, за драгите лица кои оставиле длабоки траги во неговото воспитување со онаа познатата – дека треба да се биде чесен и работлив човек.

ARSLAN ZET ARSLAN SEMEJNO

Татко му Демир цел живот бил пекар во „Жито леб“ и бил чесен и скромен човек кој имал желба Арслан да го заврши успешно започнатото образование. Од пријателствата кои му останале во наследство од татко му е она со најблиските на покојниот Крсте Пепелко од Варош, но ги има и ред други .

SEMEJNO    ARSLAN SO ZENA MU I DEVOJCETO

-Можеби со сите не се гледаме често,ама се почитуваме бескрајно , ни рече Арслан

SO PRIJATELI   ARSLAN SEMEJNO SO SITE

-Кога љубовта е во прашање и традицијата, историјата како да се повотори.

CERKATA SO ZETOTso ze na mu

На начинот на којшто јас ја побарав раката на мојата жена и мојот зет дојде да ја побара нашата ќерка, ни рече Арслан. Микрокосмосот на Арслан се неговата сопруга Љулијета, двете ќерки од кои едната е омажена Тина и го израдува со зетот Данко , а потоа и првата внука Лорена.Тие живеат во Виена.  

zenski  vecera

И да не ви прераскажуваме се’ слушнете го аудио интервјуто со Арслан Сулејман во целост:

Разговараше: Милчо Јованоски  

Публицитет.мк 

Посетеност: 105
Share
Previous Post

Почна работниот состанок на ДИК и на техничката влада

Next Post

Погледот на Земјата од Вселената е добар за срцето и умот

Next Post

Погледот на Земјата од Вселената е добар за срцето и умот

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 105

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk