Оваа сабота во МОЈОТ ЖИВОТ, МОЈОТ СВЕТ нов гостин Гоце Ралевски. Тој е најпознатиот македонски фирзерски стилист на светско ниво кој специјално од Шведска неодамна дојде во Охрид на “HAIR FAIR 2018“.
Гоце Ралевски, има освоено први места на “Stockholm hair open“ во 1984 и 1985 година и на “Scandinavia hair open“. Во 1992 екипно со репрезентација од Шведска го освојува 5 место на “World cup Tokio“. Исто така тој бил стилист на Карола претставничката на Шведска на Евровизија 1991 година. Тој е едукатор во Скандинавија за компаниите: “Wella“ и “Schwarrzkopf. Сопственик е на “Awantgarde Studio“ во Малме, Шведска.
Скромен, духовит, едноставен – тоа е Гоце Ралевски во интервјуто „Мојот живот, мојот свет“ со Милчо Јованоски:
Гоце во Охрид ( прв од десно )
Се сретнавме во ресторанот „Св. Софија“ во Охрид неколку часа по неговата презентација на сопствениот пат во светот на модниот стилизам и играта со косата. Беше во едно големо македонско друштво со своите братучеди но и со ново запознаените пријатели на “HAIR FAIR 2018“.
Вака почна мојот живот како фризер во 1983 9 1984 победив на Stockholm hiar open со овие машки фризури, вели Гоце
Разговорот почна спонтано како да се знаеме со години. Гоце трпелив – навикнат да биде меѓу новинарите и најљубезно одговараше на прашањата. Ни призна дека македонскиот литературен не му е најдобар па зборуваше некоја мешавина од битолскиот дијалект наследен од родителите и поширокото семејство кое му е во Малме. Нормално, кога само на девет години заминал од родното село на кое најмногу се сеќава на животните и идиличната природа која се труди да ја најде и таму кадешто сега живее.
Во Дизелдорф 1988 на Светски натпревар како дел од тимот на Шведска ( модел – фризура Гоце Ралевски )
Подоцна ни кажа дека и не се сеќава како одеднаш го научил шведскиот и за тоа како се случило да влезе во светот на модниот стилизам – фризерството и сонот за модниот дизајн кој му ги отвори картите во животот.
Трето место во Ротердам – Холандија на Светскиот натпревар во 1990 г.
Гоце Ралевски роден е 1960 година во селото Долно Српци крај Битола и денеска љуби да каже дека тој е селанец и по тоа што сега пак во Шведска живее надвор од Малме, на една фарма 20 километри оддалечена од градот.
Таа, 1990 г. бев на прво место во Скандинавија, вели Ралевски.
-Ние фризерите сме како психолозите, ги препознаваме муштериите дали се нервозни и ако се, се трудиме да им го направиме денот убав, барем со фризурата. Јас сум воркохолик и во моето ново студио „Авангард“ во кое имам и млади соработници знаам да останам од 8 наутро , па до 3 после полноќ. Во моето студио доаѓаат сите возрасти, буквално од 2 до највозрасната до 97 години. Зад себе има скоро 4 децениска кариера и признава дека математиката му е слаба страна , но вели дека дневно правел во просек по 10 фризури, па со насмевка вели пресметајте колку труд е тоа.
На шега вели – оженет сум со работа и со коњите од мојата фарма. Ни зборуваше за љубовта кон коњите – за контактите со нив за дресерството во кое подеднакво ужива како и во фризирањето, и ако не беше ова второто – познат и славен, најверојатно би бил успешен и на тоа поле.
Со воздишка меѓу песните по негов избор со Тоше, Цеца, Барбара Стрејсенд… која вели дека за него е легнеда ни го откри сопствениот пат до успехот.
На Светски натпревар во Токио
Гоце, вели: – Понекогаш животот е лесен, понекогаш тежок. Пред настапи и јас тренирам со денови и сакам да одам до совршенство, не е лесно да си на врвот. Или си таму или те нема. Јас имав среќа успеав. Морам да признам дека од она што го видов во Охрид , Македонија има извонредни фризери, а тоа момчето Каровски од Охрид е вистински талент – има добар ментор и треба и во иднина да се надградува.
Ралевски вели дека инспирацијата за новите потфати во фризерството и стилизмот ја црпи од луѓето. И дека во неговиот салон има луѓе кои кај него доаѓаат со децении.
Во Македонија до пред две три години небил скоро две и пол децении а потоа се чини повторно ја открил и сега доаѓа 2 до 3 пати годишно, најчесто во Охрид и Скопје.
На Светскиот натпревар во 1994 г. престанав да се натпреварувам. Имам убава кариера, само жалам што не се натпреварував за Македонија, вели Гоце.
Филозофијата на животот ја гледа во среќата и слободата… На разделба на прашањето што би сакал да ми каже на нова средба по пет години , со насмевка рече: – Да сум ист како денес. Здрав, жив и весел.
Публицитет.мк