Второто издание на аудио серијалот „Мојот живот, мојот свет“ Публицитет.мк му го посветува на режисерот Илија Пиперкоски од Охрид.
Главен повод да ѕирнеме во неговиот живот и свет беше премиерата на играно – документарниот филм „Последниот Македонец…“ одржана деновиве на фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки “ во Битола, Пиперкоски е режисер на ова филмско остварување кое самоп осебе е актуелно, иако зборува за нешта кои се случиле пред еден век а толку силно одекнуваат и денеска.
„Секој мој филм е мое сопствено огледало. Секој мој филм го носи мојот печат и печатот на цела екипа“ вели во интервјуто Пиперкоски. „Филмот како и јазикот има своја граматика“, додава тој одговарајќи на низа прашања во разговор со Милчо Јованоски.
Во култниот „Аквариус“, Илија ни зборуваше за студиите во Букурешт, за тоа дека е среќен што се нашол таму во вистинско време на вистинско место. Како речиси не осетил дека е странец во Романија , благодарение на професорите и колегите, освен моралното да се научи романскиот јазик од корен.
Во разговорот се навративме на деновите од детството минати помеѓу Месокастро и Карабего Маала и за неговиот однос кон најблиските кои ако ја следел семејната традиција најпрво сигурно би бил некој голман во ракомет или фудбал сеедно.
Го прашавме дали животот е филм ,а тој трпеливо ни го објасни целиот процес како всушност се „раѓа“ едно филмско дело.
Од неговите одговори човек може да заклучи дека триесет годишниот Илија веќе имаа научено многу од животот и дека има огромна енергија која сака да ја потроши соодветно правејќи филмови, зашто во тој свет и припаѓа. Признава дека е многу комплицирано да се снима филм , да се дојде пред се’ до пари, особено кога се имаат куп идеи.
И додека ги собира главно позитивните реакции по филмот „Последниот Македонец“ Пиперкоски во себе „развива“ нов и тоа игран филм „Внук и дедо“. Планира да започне со снимање од февруари 2016 и тоа во својот роден Охрид. Со неговиот другар од соседството Никола Митровиќ – Бабе ни откри дека се подготвуваат да снимаат серија од четири документарци кои ќе го отсликаат животот на Охрид низ вековите.
Пиперкоски уште на почетокот од интервјуто ни рече „Во филмот некои работи треба да бидат логични, а во животот многу нешта немаат логика и смисла, “ слушнете го:
Милчо Јованоски /Публицитет.мк