• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, мај 9, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Мојот живот, мојот свет

„Мојот живот,мојот свет“: Илина Арсова ( аудио )

јануари 29, 2016
in Мојот живот, мојот свет

-Кога поактивно цртав и изложував луѓето ме доживуваа како ликовен уметник. Кога почнав да качувам планини и кога стана доминантна веста за искачувањето на Хималаите , луѓето ме нарекуваа планинарката Илина. Потоа ќе ме прашаат, па чекај знаеш да црташ. Да , тоа е прва моја професија, им велам.  Сакам и знам многу јазици, сум магистрирала деловни јазици, бизнис и меѓународна трговија, вака се престави себеси во интервјуто за „Публицитет.мк“ Илина Арсова првата Македонка која се искачи на Монт Еверест.

На самиот почеток на интервјуто алпинистката Илина Арсова  ме поправи и ми рече: – Јас не ги освојувам врвовите, тие не можат да се освојат.

Некогаш истражувачите, географите кога ги освојувале териториите , може да се каже дека првиот пат кога стапнале на некој врв дека го освоиле. Ние во денешно време можеме да имаме среќа и гостопримливост од планината да ни дозволи да застанеме на врвот само за момент и да не пушти здрави и живи да се  вратиме назад или пак да не ни го дозволи тоа. Јас во мојата приказна се соживувам со врвовите, зборувам со нив , ги искачувам, но никогаш не би можела да кажам дека сум ги освоила. Сум била пресреќна што сум една од ретките луѓе што стапнале на нив.  

ilina

На Олимп 

Ја прашав Илина за поривот  и за желба да се натпреварува со природата и сите нејзини лица. Таа кусо рече дека нема натпревар со природата, како што нема натпревар со планината, туку тој натпревар е единствено самиот со себеси. 

galicnik

На „Галичка свадба“ како бајрактарица  

Таа е првата Македонка која го искачи Монт Еверест, а амбициозно го исполнува планот да ги искачи сите седум највисоки планински врвови на светот. Планот и е до пола пат остварен,но како што вели во меѓувреме и се раѓа желбата да искачи и други врвови кои имаат своја специфика.

iskacuvanje vezba

Натпревар по болдер „Пластикмен“ во Борис Трајковски, Скопје 

Ни раскажа дека од мала се занимавала со разни спортови, но дека кај неа никогаш не преовладувал тој натпреварувачки дух особено во натпревар со човекот. Во современите општества , ни рече Илина има натпревар меѓу луѓето и во искачувањето на врвовите, која за колку време и во какви услови го сторил тоа и редица други елементи.

iran

Иран со екипата од жени 

-Ако е така, ни рече Арсова тогаш јас доколку би имало такво нешто кај нас би имала водечка позиција бидејќи за најкусо време сум се искачила на Монт Еверест од онаа страна од која неколкумина од Македонија веќе сме го сториле тоа.

Признава дека таква е од  мала. Ја влечат височината , адреналинот, ветрот, снегот , пејзажот , кој пред се’ ликовно ја исполнува.

detsvo

Слики од детството 

Пред месец и половина Илина се врати од последната експедиција од Непал во која заедно со Филип Василевски – Четкар од Охрид стигнаа до врвот на планината Мера на височина од 6 476 метри.  Таа ни откри како случајно се нашле во експедицијата со Филип, во Аргентина искачувајќи ја Аконкагва, како се дружеле и како го продлабочиле пријателството таму во височините , иако во Лагадин речиси може да се каже дека се први соседи. Ни раскажа и како и тогаш и во најновиот подвиг ги крателе часовите одејќи пеш и пеењето на цел глас , таму на врвовите  на низа македонски народни песни, со кои ја лечеле носталгијата,а можеби си го споделувале и стравот и ама и радоста сврзана со големиот успех.

ilina 1

На пат кон Титов врв 

-Замислете и додека пешачите музиката влијае врз чекорот

зависно од тоа што слушате таков ви е и чекорот. Кога сум во планина и во природа уживам во звуците кои ги создаваат отворените пространства. Некогаш тоа е татнеж  од  лавини кои не се благопријатни. Тоа е знак преку кој природата ни покажува колку сме ситни, мали , немоќни во споредба со неа, вели Илина.

zname copy copy

На прашањето како се гледа во одразот на огледалото, ни рече дека првпат е некој да и го постави на овој начин ова прашање.

– Јас сум прилично отворена личност, она што го доживувам и најчесто го претставувам пред јавноста. Едноставна сум и неколку пати сум се опишала себеси како скромна . Не ми треба многу за да бидам среќна. За разлика од многумина во денешно време знам често да се порадувам на еден обичен зрак сонце, на една обична пеперутка што ќе прелета пред мене. Но имам повеќе амбиции. Сакам на повеќе полиња да целам високо. Тоа е пак релативно … Пред се’ сум ликовен уметник. Импресиите на другите се базираат на последните информации коишто ги добиле за мене. Кога поактивно цртав и изложував луѓето ме доживуваа како ликовен уметник. Кога почнав да качувам планини и кога стана доминантна веста за искачувањето на Хималаите , луѓето ме нарекуваа планинарката Илина. Потоа ќе ме прашаат, па чекај знаеш да црташ. Да , тоа е прва моја професија. Сакам и знам многу јазици , сум магистрирала деловни јазици, бизнис и меѓународна трговија . Сепак сум свесна дека ниту една од моиве пасии не е нешто премногу доходовна.

skala

Преминување преку кревас, на пат кон Еверест

Илина отворено ни кажа дека во мигот кога материјално била најнестабилна и најсиромашна , срцето и душата и биле најисполнети. Свесна е и среќна е и не се жали поради тоа. Единствениот начин врз кој опстанува е туризмот. Преку наследената куќа во Лагадин, кај Охрид која ја претвори во мал хостел, работи како туристички водич , организира креативни работилници …

priznanie

Примање на „Штитот на вечноста“од македонскиот конзул во Торонто

Најголема поддршка и се нејзините најблиски и преку една анегдота раскажува колку е вистината поговорката „ Не сте свесни колку можете, додека не слушнете од тие што веруваат во вас“.   

skijanje 3

Скијање на Шар Планина 

Илина ни објасна како се одвиваат подготовките за искачувањата, што се треба да се стори пред да се помисли дека треба со недели да се биде активен и да се сонува буден.

sos

Апел СОС за Охрид изложба на Охридско лето

Ни го објасни величественото чувство додека се качува по сртовите, прекрасните пејзажи кои потоа се обидува да ги претвори во уметнички слики, водењето дневник, спиењето во шатор, поставен на некој непристапен терен или на пример на врвот на некоја карпа. Има и ред случки кои откако ќе завршат со среќен крај, само се прераскажуваат, а чувството од тоа што можело да се случи се заборава.

so enis

По повод ден на планетата земја 22.04.2015, организатори на настанот со Енис Хилми

Во интервјуто Арсова зборува и за тоа каква храна јаде во височините, како се справува со разредениот воздух. Има простор и за перидот по освојувањето на Монт Еверест и миговите на нејзината горчина во душата, како и за граѓанската група СОС во која активно членува,а некои ја нарекуваат фантомска.

zaedno copy copy copy

Минатогодишната ски – извидница на Иран со чисто женаска екипа: Ванеса – фотограф, Естел, Оксана, Мона и Илина

– Луѓето не смеат да се плашат од авантурата и убивањето на своите соништа , од едноставна причина што се плашат дека не го знаат јазикот на пример на земјата која сакаат да ја посетат. Треба да го направат тој прв чекор ќе се снајдат, порачува Илина.

vo kola

На моето прашање : Каде се чувствувала најубаво?, искрено ми рече:

-Пред да се преселам да живеам во Охрид поминав едно педесеттина земји на пет континенти и секаде убаво се чувствував. Но не случајно го одбрав Охрид. Еден септември кога дојдов овде и го видов градот во таа спокојност и мир толку се заљубив во него што реков богами ваква убавина никаде во светот немам видено. Веројатно одговорот ќе биде „Охрид, Охрид , убав, мил“.

so zname murato

Кај меморијалниот споменик на нашата легенда, прв Македонец на Еверест – Димитар Илиевски Мурато, сликано непосредно по моето искачување на врвот, на 60 годишнината од првото искачување.

Илина ни одговори за тоа како стои со љубовта, има ли време за неа, на веќе стандардните прашања сврзани со музиката и што би сакала да и се случи  и што би сакала таа да ни соопшти , условно речено во интервјуто кое би го правеле по пет години.

so hilari

Со Хилари Клинтон во Стејт департмент за време на глобалната програма за менторство во спорт

Ако ви недостига оптимизам, желба за откривање нови светови и широк поглед, слушнете го интервјуто со Илина Арсова. Во него има се’ на претек:  

kacuvanje  skoanje voda

Качување низ Југоисточна Азија                                                                       Тајланд  

 

 

Разговараше: Милчо Јованоски

Посетеност: 88
Share
Previous Post

Градоначалникот Бакрачески прими делегација од градот Маниса од Турција

Next Post

Најдобрите 10 вестерн филмови според АФИ ( 2)

Next Post

Најдобрите 10 вестерн филмови според АФИ ( 2)

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 88

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk