• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, јуни 29, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Мојот живот, мојот свет

МОЈОТ ЖИВОТ, МОЈОТ СВЕТ: ИНДИРА КАСТРАТОВИЌ

септември 18, 2015
in Мојот живот, мојот свет

 По успешната прва сезона на аудио – интервјуата „Мојот живот, мојот свет“ и педесетте изданија емитувани и поставени на порталот „Охрид1“ по цели три месеци – летна пауза овој серијал се враќа на новиот веб – портал www.publicitet.mk .

Честа да ја отвори втората сезона на наше задоволство, ја има Индира Кастратовиќ,  познатата ракометарка, а сега тренер на Женскиот ракометен клуб „Вардар“ од Скопје.

indira i milco

Индира деновиве беше во Охрид. Ја пронајдовме на тренинг во спортската сала „Билјанини Извори“ а речиси едночасовната пријатна дружба со неа ни помина на прекрасната тераса на хотелот Горица.  Таа со ракометарките  работеше двапати дневно, три дена и денеска претпладне заминаа за Скопје.

Овие подготовки,на ЖК „Вардар“  ќе му помогнат и за спаринг-сесијата со репрезентацијата на Данска, којашто е закажана за крајот на месецов. Националниот тим на оваа земја ќе допатува на 25 септември и ќе одигра три меча со нашата екипа. Лигата на шампионите почнува на 17 октомври, со дуелот на Вардар против Ѓер.

indira topka

Едноставна, насмеана, темпераментна, дружељубива. Ова се само дел од епитетите која може да се споделат за Индира во јавноста. Можеби пред се’ професионалец , до 2006 како ракометарка,а сега како  тренер.

Разговорот ни тргна како да се знаеме со години, се надеваме тоа ќе го почувствувате во мигот кога ќе го слушате интервјуто, почитувани читатели и слушатели на ПУБЛИЦИТЕТ. МК

Со Индира уште еднаш ја допревме приказната за доаѓањето во Скопје, за што вели: – Се радувам што сум згрешила и што Македонија ја одбрав за земја во која дојдов на две години а останав дваесет и кусур и мислам дека местото ми е тука и во иднина.

kastratovic semejno

Признава дека и било полесно како ракометарка: -Доаѓаш, одработуваш што ќе ти каже тренерот и си заминуваш, а сега тренерската работа е далеку потешка и поодговорна целиот товар за квалитетот и резултатите на клубот се на твој грб, вели таа.

Со неа отворено говоревме за миговите на најголема слава, спортските успеси со „Кометал – Ѓорче Петров“ и репрезентацијата на Македонија, за кои смета дека беа и се колективен успех.

Сака и со оваа генерација девојки во тимот на „Вардар“ да стигнат до првото место во Лигата на шампиони како што таа го стори своевремено со Кометал.

Индира со многу емоции говори за тоа како дојде нивна химна да стане „Македонско девојче“ а од 2001 комитите да им ја пеат,а пота и тие онаа на Фосили „За добра стара времена“ .

indira so kerkata

Ја прашавме што и даде, а што и одзеде спортот. За радостите и тагите во животот, за детството во Приједор – Босна. Како и за познанството со нејзиниот сопруг Зоран со кого вели дека се знае од 1988 а нешто подоцна им започнала врската која се крунисала со брак и ќерка, која не оди по нивните стапки туку го сака хип – хоп на пример.

Во „Мојот живот, мојот свет“ Кастратовиќ ни открива како се дружеле со девојките од нивната „златна“ ракометна генерација додека патувале со песна, шеги, играње јамб. Денес е друго време овие нови девојки живеат по свој терк,ни рече.  

-И денес една група ракометарки кои сме во Скопје се собираме божем на тренинг, ама повеќе го тренираме јазикот, односно ги прераскажуваме досетките за нашите најубави клупски и репрезентативни денови, со широка насмевка вели Индира.

indira vo ineks

Со Индира ги допревме нејзините моменти во кафеаните, за очекувањата од животот, пријателствата, дружењата, за сопругот кој и е како што признава Ахилова пета, за меѓусебното почитување, за тоа поради повредите и операциите најчесто на коленото е добар метеоролог и често ја врти колено. 

Кликнете на линкот и запознајте ја Индира Кастратовиќ преку интервјуто на Публицитет.мк со новинарот и водител Милчо Јованоски. 

  

 

Посетеност: 126
Share
Previous Post

Промовирана книгата „Македонија – мојот живот“ на Киро Кипроски, за еден од идеолозите и основачите на ВМРО-ДПМНЕ

Next Post

Откриен нов гигантски вирус во Сибир

Next Post

Откриен нов гигантски вирус во Сибир

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 126

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk