Точно по 14 години, ново интервју со д-р Јасна Митреска сопственичка на Приватната гинеколошка ординација ОНКОГИНЕКОМЕДИКА во Охрид.
Првото интервју беше на едно друго место во Радио Охрид на 12 мај 2004 и ова второто на 12 мај 2018 во култниот „Аквариус“ . Ќе слушнете делови од првото интервју и се разбира сосема нов муабет преку кој ќе откриете дали се смениле ставовите за животот на нашата соговорничка. Дали приоритетите од пред 14 години и денес се по ист ред или сосема поинаку?
Во Чикаго со синот Марко
Со клик на линкот подолу слушнете го интервјуто во целост. Со гинеколог – акушер д-р Јасна Митреска разговара Милчо Јованоски.
Што се промени во нејзиниот живот за близу една ипол деценија?
Отворено, релаксирано и опуштено д-р Митреска зборува за себе, за семејството,за синовите Јане и Марко за работата а сега најомилена тема и е внуката Сара.
Таа зборува за радоста после 4 машки ако се земат во предвид и двајцата внуци од нејзиниот брат , кончено женско во семејството. Секако, таа била првата, според природата на работата го дознала полот и вели тој миг немаше посреќна од мене.
Осмомартовски во Стразбур
-Пред 14 години на таа возраст мислев дека се’ можам,се’ сакам. Бев пресреќна полна со себе. Но во животот има подеми и падови така што се случуваат и работи кои ќе те слезат малку долу и ќе ти речат: – Еј, застани, чекај. И сето тоа можеби ме направи поцврста и повнимателна во секој поглед.
Во Њујорк
Јасна ни рече дека има моменти кога се враќа назад, дека постојат такви моменти за да се исконтролира самата себеси. На тој начин да се спореди и промени а има работи на коишто не сака да се сети,ама тие сами и’ излегуваат.
Семејна фешта. Нејзините и синовите на нејзиниот брат Драган во музички елемент.
-И нема бегање. Тогаш се подготвувам само да ми поминат низ глава и да ги пропуштам од едната на другата страна. Само нека поминат да не ме допрат. Не можеш да избегаш од минатото ама не мораш да го носиш како товар. Така созреваме и самото тоа на еден начин е терапија и лек, вели д-р Митреска.
Во Нирнберг
Разговаравме за тоа што ја прави среќна, за мирот кој го наоѓа во домашниот зелен двор, за ретките патувања од само неколку денови годишно со одбрано женско друштво и за ланската посета на Чикаго градот во кој живее и работи нејзиниот помал син Марко.
Семејниот двор за чие уредување е задолжена токму Јасна.
Д-р Јасна останува на ставот дека може секаде да оди ама во Охрид да се врати. Заеднички си ветивме дека ќе се видиме во некое следно интервју, можеби во друг формат по 10 години.
Сара со родителите на Јасна, Деса и Јован
Во новото интервју по 14 години подоцна нејзиниот музички избор е поинаков. Овој пат ги слушаме вечното момче Здравко Чолиќ, Каролина и Бјело Дугме. И да не ви откриваме се’. Слушнете.
Публицитет.мк