Од проектот „Роднокрајни автори“ објавен во 2010 година во соработка со НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид премиерно ви го нудиме на преслушување интервјуто со охридскиот писател Коста Фортомар.
Фортомар роден е во Охрид 1933 година во стара охридска фамилија. Основно училиште завршил во Скопје каде работел татко му , но кога почнува војната 1941 година се враќа во Охрид и го продолжува школувањето . Настапуваат тешки години . Рано го губи татко му. По завршувањето на основното училиште учи во Учителската школа во Битола,а потоа на Виша педагошка школа-македонски јазик во Скопје . По завршувањето на вишата школа се вработува како референт за култура при општина Охрид . Потоа се префрлува во просвета и вонредно го завршува Филозофскиот факултет во Скопје . Се вработува во основното училиште Братство- Единство од каде и се пензионира.
Со Коста Фортомар разговара Милчо Јованоски
Богатата охридска култура , природните убавини и љубовта кон пишаниот збор биле инспирација за пишување . Првин почнал со козерии објавени во ,, Просветен работник” , потоа пишувал цртици и раскази . Учествувал на литературни конкурси кои го потстрекнувале да продолжи со пишување.На конкурсот на Радио Охрид за најдобар расказ во 1977 година добил I награда за расказот ,, Билјана” кој е печатен во весникот ,, Езерски глас” и во првиот број на списанието за литература ,, Спизалит”
Неговите раскази биле објавувани во Нова Македонија во 1988 година добил III наград на конкурсот ,, ЛИК”.
Автор е на романот ,, Прличев горд самјак” (Радио-Охрид1992) и на збирката раскази ,,Бомба во рајот”(Mаседонија Прима ,1995). Во 2004 г. во издание на „Летра“ се појавува неговиот најнов роман „Жена “,како и книгата „Езеро, рибари и боемот“
Коста Формар живее и твори во родниот град.
Во интервјуто тој зборува за детството, младоста и творењето – за животот воопшто во Охрид и одност кон пишувањето и ретките книги кои ги поседува кај себе.
Публицитет.мк