• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, мај 9, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Мојот живот, мојот свет

Мојот живот, мојот свет – Костадинка и Душан Лошкоски

декември 4, 2015
in Мојот живот, мојот свет

Костадинка и Душан Лошкоски од село Оровник во брак се од февруари 1949 година. 

Публицитет.мк беше во нивниот дом ги слушнавме нивните спомени од младоста до денеска.

 

За нив јавноста дозна по изборот за брачна двојка која е со најдолг брачен стаж во општините Охрид и Дебарца и свеченоста во организација на Црвен крст – Охрид.

Уште кога ме пречекаа, ми раскажаа како внуците ги убедиле да конкурираат, па Душан сам се пријавил носејќи ја венчаницата како доказ.

Пред порти  во дворот, а потоа и во интервјуто ми повтори колку биле среќни на приредбата и тие ама и цело нивно семејство.

-Овој избор како да е празник за нас, за селово, а ми се чини и за сите кои беа во Охрид на приредбата и за општина Дебарца во која сега припаѓаме, ми вели Душан.

Priznanie bracen par copy

Душан и Костадинка како рецепт за складен брак ни ја препорачаа слогата меѓу партнерите и во семејството.

Има многу нешта кои треба да се слушнат и да се извлече поука од нивното резонирање и живеење на животот. 

Дел од приказната денеска ќе ви се чини невозможна, но филозофијата на животот  најубаво секој ја учи врз сопствените искуства.

 

dushan copy

-Бевме млади, многу млади кога се зедовме. Јас имав само 19 а таа 21 година. Откако ја зедов Костадинка се’ ми тргна на убаво . Ако беше ниска, ама беше убава, а мене ми личеше на киска ( китка ) цвеќе , ни вели чичко Душан.

Уште на почетокот на интервјуто ќе слушнете како се договоривме да го викам чичко.

На Костадинка не и било ни на крај памет дека од нејзиното родно Мислешево ќе се омажи, според неа далеку во Оровник. Душан пак како младо момче по тогашните правила и норми скоро стасан за женење, на свадбата на  близок роднина ја нашол и својата животна сопатничка, но не тој самиот, туку очите му ги отворил братот на Костадина, кој очигледно го бендисал убавото момче од сватовите и му рекол : -Ќе те правам зет за сестра и со ишарет му ја покажал Костадина.

dushan i kostadinka copy

 

Толку било , подоцна Душан како што е ред пратил стројници за да ја побараат Костадинка за него. Тогаш првпат и си проговориле.

-Девојко, ќе си правиме друштво во животов , ние се бендисавме . Се бендисавме, му рекла и толку било!

Подоцна Костадинка ни призна дека не можела против она што и го рекле родителите и братот, такви биле времињата. Што е најважно, ни рече се бендисавме, а дури откако се зедовме и се засакавме, иако симпатиите и по толку кусото гледање се распламтија. Сепак поминавме убаво, сложно , ми велат.

Во „Мојот живот, мојот свет“ обајцата зборуваат за заедничкиот живот, за макотрпната работа по нивите, со овците, кравите, копањето и жнеењето. За песните кои се пееле на нивната свадба со свирачи од Оровник . Чичко Душан ги раскажува и адетите кои се правеле и свадбата која траела околу пет дена.

„Черешна се од корен , корнеше“, „Домаќине добри гости ти дојдоа“ тоа се песните кои се дел од ова аудио интервју.

Душан и Костадинка зборуваат за раѓањето на тројцата синови, за неговото патешествие со вовчето Ќиро и  целиот негов работен стаж се ’ до 1990 година во Македонските железници, како и за патувањето до Америка кај еден од синовите и роднините на Костадинка.

Ми кажаа дека икао по цели недели биле раздвоени дека си верувале еден во друг и дека си биле верни. Викендите им биле заеднички.

Душан има желба да живее до сто и назад,како и да си прослават заедно 70 години од бракот. Тој вели дека и не е толку долго уште околу три години, а Костадинка која пред две години го скршила колкот и се ’ уште не ја напуштаат болките не е толку голем оптимист, но Душан и прави гајрет и вели дека се’ ќе сторат да си дочекаат седум децении заедно.- За да ги израдуваме децата, да го ожениме уште едниот внук, да дочекаме уште правнуци , тоа сакам , вели чичко Душан – во тоа е убавината!

bracna dvojka copy

И да ни прераскажуваме се’ со клик на аудиото подолу ќе можете токму еден час да уживате во обичната приказна на малите – Големи луѓе околу нас! Тие се скромни, со големи срца и широки души за сите.

Разговараше: Милчо Јованоски

 

Посетеност: 96
Share
Previous Post

Програмата „Вештини за адолесценција“ влезе и во македонските училишта

Next Post

Подгответе го вашиот автомобил за зимата – список на работи кои треба да ги проверете/променете

Next Post

Подгответе го вашиот автомобил за зимата – список на работи кои треба да ги проверете/променете

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 96

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk