Со Љупчо Паункоски не беше воопшто тешко да се договориме и од прва што се вели да седнеме да го завршиме интервјуто.
Тој е човек од позадината на медиумите. Работел на два РТВ пункта, бил кино апаратер, се’ уште има РТВ сервис , вљубеник е во фотографијата, уметноста, во животот и патувањата.
Како и во еден живот, така и во неговиот, во куси црти пресликан во нашиот аудио формат ќе ја препознаете и почувствувате неговата љубопитност, желбата да истражува и да остави трага зад себе.
Од училиштните клупи
Еве може и на почетокот за она што ми го кажа на заминување , откако снимачот беше исклучен а ние се движевме по неговата „Македонски Просветители“ .
– Знаеш ми вели, сето ова го правам снимам документарци, запишувам фотографирам за да може еден ден моите поколенија да знаат кој сум бил и каков бил Охрид некогаш.
Љупчо пред х. „Палас“ со другарите
Сакам за преубавата Малесија да дознаат и другите,а таа и сега по толку години е таинствена , осамена. Во пензионерските денови и’ се навраќам пак. Таков сум не можам да мирувам не сакам да се чувствувам како класичен пензионер на некоја клупа во паркот.
На учење занает во киното
Претседател сум на Месната заедница во селото ’Ржаново се собираме и размислуваме преку донации, иако е тешко да сториме нешто, барем малку да го заживееме.
Киното „Охридско Езеро“ дел од неговите спомени се трајно врзани со него
Кога моите родители ми раскажуваа јас немав време да ги слушам, кога јас сакав да ми раскажуваат тие или не можеа и подоцна веќе не беа меѓу живите. Знам дека во ова динамично време тешко некој ќе седне и ќе ме слуша , мислам на моите блиски,ама затоа се’ што правам со мој потпис ќе остане како спомен за минатото, таму во иднината.
Во тој контекст ќе слушнете која и каква е неговата врска со Велестово и за колку поколенија наназад знае со сигурност од каде потекнуваат.
Љупчо роден е во Охрид,а родум е од Малесија. Во „Мојот живот, мојот свет“ни раскажа како преку документарците му се оддолжил на овој крај од кој потекнуваат многу славни македонски личности. За нивното печалбарство, заминување и враќање…
Дури во Америка откривал за нивниот живот и голготи.
Кога го вративме во детството со широка насмевка на лицето ни објасни зошто не се запишал во основното „Братство“ кое речиси му било до дворот , туку во Григор, за деновите минати во Пионерскиот дом и во секциите за радиоаматери и фотографија. За дружбите со неговиот братучед и другар од детството Стојче Митрески и останатите. Ќе слушнете како наместо во Гимназија се запишал во средно стопанско, за работата како кино апаратер во двете кина во Охрид…
Ќерките на Љупчо и Велика – Гордана и Емилија
Не потсети на кино културата во Охрид. На кино да оди цело семејство, а одредени охриѓани дури да имаат свои постојани места,ако случајно им биле зафатени седиштата, доаѓале филмот да го гледаат друг ден. За препродавачите кои и во најголема жега и студ седеле пред кината и чекале да откупат влезници, па за филмовите за кои се барал билет повеќе да постигнат дури и тројна цена.
Со внуците крај Езеро
За годините минати во потрага по знаење прво во Куманово, па во Скопје, вработувањето во тогашна РТС – предаватели и врски, па потоа на Мали Влај. За случките од работата.
Љупчо раскажува каква музика слушале тогаш за прв ото радио, првиот грамофон ж, првата плоча, слушањето радио Лукесембург и така со ред до игранките, матинеата, за „мартонот на суво“ до Синдикални, за украдениот германски велосипед „Дијамант“ , за патувањата со сопругата, дружбата со колегите, љубовта кон фотографијата и за ред други нешта.
За ќерките Гордана и Емилија за внуците кои му се во Скопје и му недостигаат за тоа што сака да направи во следните пет години од животот и желбата да го послужи здравјето да може да прошета со неговата Велика и околу нив да се вртат уште внуци.
Со дел од колегите и учениците во РТВ сервисот Љупчо и Велика
Со клик на линкот подолу слушнете го интервјуто со Љупчо Паункоски и слушнете ги неговите музички желби: „Пусти мерак Ратке“, Џон Ленон, Сарита Монтиел со „Продавачка на темјанушки“ омилениот му Елвис Присли и омилената песна на неговата сопруга „Секогаш крај тебе “ со „Македонски мерак“ и тоа не е се …
Разговараше: Милчо Јованоски
Публицитет.мк