• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, јули 6, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Мојот живот, мојот свет

„Мојот живот, мојот свет“: Марија Андреа Роберт

февруари 3, 2018
in Мојот живот, мојот свет
„Мојот живот, мојот свет“: Марија Андреа Роберт

 Во новото издание на „Мојот живот, мојот свет“ на ред е вистинската приказна на Марија Андреа Роберт од Аргентина која храбро пред околу две години дојде во Охрид во потрага по своите корени и роднини во Мешеишта и Охрид.

 Откако ги пронајде , не можеше а да не дојде пак на подолг престој. Од минатиот декември се’до Водици, годинава Андреа беше меѓу своите роднини. Публицитет.мк ја имаше привилегијата да ја регистрира нејзината животна голгота. Таа на дело ни ја потврди  македонската мудрост дека крвта не е вода.

26996529 1806290362775316 1631959327 n 

Андреа со Наум Крцоски

 

Со клик на линкот подолу, слушнете го во целост интервјуто со Марија Андреа Роберт во кое учествува и помага при комуникацијата Вики Колоска, за што бескрајно и’ благодариме. Автор и водител: Милчо Јованоски : 

Помешани чувства, силни емоции, напати солзи и смеа донесува ова интервју во кое Андреа зборува за себе, за своето семејство и за Кордоба и за Мешеишта и Охрид. Полека го учи македонскиот јазик, а нејзина желба е кога ќе се пензионира да дојде да живее овде.

Ќе слушнете зошто ја сака песната „Јовано, Јованке“ на што ја учеле нејзината баба и дедо, а како таа сега ги воспитува своите две деца.

27043012 1620925604668813 383263984 n

Крсте и Божана Крцоски со малечката Сара ( нивната ќерка) 

А оваа приказна започна во септември 2016 година.Тогаш во Охрид од Кордоба, Аргентина пристигнаа Андреа Роберт, родена 1966 година и нејзината ќерка Хулиета. За Охрид како туристички центар тоа и не е нешто ново. Во градот секојдневно доаѓаат со стотици луѓе на одмор, но Андреа и Хулиета не беа класични туристи. За волја на вистината тие прв пат тогаш зачекориле на македонско тло ама нивното доаѓање било со друга цел ги бараа и најдоа корените во родното место на нивните предци  дедото и бабата на Андреа, Крсте и Божана Крцоски од Мешеишта.

22007659 1511008445660530 6927877257290774648 n

Андреа со фотографиите кои и’ го покажале патот до Охрид заедно со нејзината огоромна желба да дојде во Македонија

Во периодот пред да пламне Втората светска војна vo 1937 година  Крсте во потрага по подобар живот  заминал со брод за Австралија. Тамошното емиграционо  биро не само нему туку и на речиси сите од Балканот им забранило да се доселат на овој континент.

Патот, како и на уште неколкумина од охридските села и него го води кон Аргентина. Земја, која единствено дозволила странци да се доселат на нејзино копно.

21766873 1511005758994132 7514695199817261132 n

Нешто подоцна Божана, неговата жена сама тргнува на пат и од Јадранот по три месеци на брод стигнува во Аргетнина. Таму започнува новиот живот за нив. Но заминувањето од родното Мешеишта не било поврзано само со сиромаштијата уште повеќе со фактот дека додека биле во своето село на Крсте и Божана имале таква судбина – пет мртвородени деца.

Откако се отселиле во 1938 во Аргентина им се раѓаат ќерката Сара, мајката на Андреа и синот Васил две години подоцна.  

Сара, се мажи за Пабло и во период од 1962 до 1967 им се раѓаат 4 ќерки од кои една е нашата соговорничка Андреа.Најстарата нејзина сестра се вика Марија – Грација, втората Марија – Глорија,а по Андреа родена е Марија Белен. На друга страна братот на Сара се оженил доста подоцна со Андреита и ја имаат ќерката Паола.

21768318 1511007045660670 6778713637675023611 n

На едно купче Андреа со најблиските роднини во Охрид

Мајка и’ на Андреа, Сара која има 80 години од своите родители Крсте и Божана многу често, речиси секој ден слушала за Мешишта и Охрид и Свети Наум, но никогаш не дошла. Сара успеала таа љубов кон родниот крај на нејзините родители да им го всади на сите четири ќерки кои имаат веќе свои семејства и деца.

 

26996250 1620925371335503 1046022699 n

Андреа со нејзините најблиски во Кордоба

Се чини од сите нив корените најмногу ја влечеле и ја влечат Андреа. Таа заедно со ќерка и’ Хулиета ( 1992 г) во септември 2016 без да знае некој од тука за нив со неколку слики од баба и’ и дедо и’ Божана и Крсте дошле да ги бараат роднините.

21762056 1511134392314602 3672083331003593878 n

Кога стигнале во Мешешта Андера веднаш го застанале првиот човек кој им доаѓал во пресрет и го распрашала за потомците од Вељан ( Велко ) Крцоски, братот на дедо Крсте кој цел живот со  жена му Фросина останале во селото и имале двајца синови и две ќерки: Ристо, Милош, Доста и Лазорка.

Момчето, како што речиси секогаш се случува во животот бил другар со потомците на Вељан,  Миле и Сашо Крцоски и во годините пред тоа имал слушнато за печалбарската и животна голгота на Крсте и Божана. Веднаш се јавил кај другарите и за нецели десет минути заедно со Миле и Саше доаѓа нивниот татко Наум Крцоски- син на Милош и Слободанка Крцоски, втор братучед на Марија Андреа Роберт. Иако претходно се немаат видено и слушнато нивната прва средба е овековечена на видео и фото запис.

d01c04fcfe2ddfac12a508d441bf16b0 L

Андреа додека и ја свират нејзината омилена „Јовано, Јованке“

И така почнува нивната дружба која првиот пат трае само три дена. Во тоа време набрзина запознаваат само дел од роднините и го посетиле Свети Наум, место за кое нејзината Сара долго им раскажувала. Трите дена им минале како три минути. За среќа интернетот и скајпот проработиле и Андреа успева од Мешеишта да се види преку компјутер со мајка и’ Сара во Кордоба,а емоциите кај сите силно надошле.На заминување Андреа ветува дека во 2017 ќе дојде пак со мајка и’ Сара и двете деца Хулиета и Пабло. Се случи и тоа во јули 2017 но Сара остана во Кордоба.

26995180 1620940068000700 1337496671 n

Андреа со мајка и’ и со сестрите ( со шамии со македонски орнаменти )

Како што веќе рековме овој декември по трет пат Андреа водеа од љубовта за родниот крај на нејзините баба и дедо пак долета во Охрид. Помина близу 12 илјади километри да го почувствува Охрид во периодот на сите верски празници. И бидна така. Ќе прашате кој беше јазикот на разбирање меѓу роднините. Пет проценти македонски, исто толку шпански и цели 90 проценти со јазикот на срцето. Андреа која е учителка во една од многуте болници во Кордоба се води од зборовите на дедо и’ Крсте: Во животот најбитни се љубовта, разбирањето и семејството!

21687930 1511030302325011 6692968966223527782 n

Андреа и Вики за која вели дека ја чувствува како сестра

Благодарение на семејството Колоски: Вики, Андон и Александар од Охрид оваа приказна ја виде светлината на денот. Во интервјуто покрај Андреа учествува и Вики која е ќерка на сестрата на Наум,Нада. Вики ни преведуваше, но и со многу топлина и емоција ни зборуваше за откривањето на роднините, дружбата со нив и блискоста која ја почувствувала а само претпоставувала дека постојат. Тоа е животот, преполн со искушенија и многу непредвидливи нешта како овие кои за среќа ја топлат и греат сечија душа.    

26220086 1613210922106948 1106270628776173239 n

Андреа во селска носија од Мешеишта

Најголема желба на Андреа е да успее во Мешеишта да ја донесе нејзината мајка Сара. Таа и за овие нејзини доаѓања најмногу финансиски ја помогнала, како и во се во животот. Надежта постои … дека и тоа ќе се случи!

Публицитет.мк

Посетеност: 129
Share
Previous Post

Средба на министерот Спасовски со министерот за внатрешни работи на Република Албанија

Next Post

Спој на уметности – изложба каква што досега во Охрид не сме виделе

Next Post
Спој на уметности – изложба каква што досега во Охрид не сме виделе

Спој на уметности – изложба каква што досега во Охрид не сме виделе

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 129

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk