Вчеравечер во кафе-барот Shilla се одржа изложбата “Калатографија“ на младата охридска дизајнерка Есма Ḱазим и египетскиот фотограф Махмуд Сами Рамадан. Изложбата беше спој на уметнички дела и судир на визуелните уметности – колажи и фотографии на Рамадан и модните дизајнирани парчиња облека на Казим.
Во таа опуштена атмосфера и дружба на сите љубители на уметноста, ја имав и јас таа чест да бидам дел од целата организација и заедно со уште едно девојче да ја носам рачно-изработената облека на Есма. Покрај дружбата со заинтересираната публика и споделените пијачки, успеав да “скоцкам” и едно мало интервју со главните ѕвезди на вечерта. Махмуд спомна во неговиот говор дека квалитетот е поважен од квантитетот и дека ова е уште еден доказ за симбиоза и дека луѓето треба да живеат заедно. За да дознаете што тие ми кажаа за себе и нивните планови за во иднина, читајте понатака:
- Би можеле ли накратко да ни се претставите?
Махмуд: Здраво, јас сум Махмуд Сами Рамадан, имам дипломирано мултимедија. Огромна страст имам за ликовната уметност и кинематографијата. Ова е Есма Ќазим, млада македонска дизајнерка во подем.
- Кој прв дојде до идејата за соработка и како дојде до сето ова?
Махмуд: Кога ги запознував уметниците во Охрид, ја запознав и Есма и посетив неколку нејзини модни шоуа и нејзините дела ми оставија впечаток. Па така се одлучивме да соработуваме и работеме на нешто убаво во Охрид и да комбинираме уметности, бидејќи двајцата сме заинтересирани во ументост.
Есма: Да, идејата се појави кога го запознав Махмуд. Две различни личности, различни искуства, кои помогнаа во нашите знаења.
- Која е главната идеја зад ова, објаснете ги вашите дела и која е вашата инспирација?
Есма: Идејата произлезе од комбинација на две различни личности во една метаморфоза.
Махмуд: Повеќето од делата црпат инспирација од Охрид и охридскиот стил, освен еден колаж што е од Египет. Се чувствувам како да ја имаме страста за уметност двајцата и дека се обидуваме да ја следиме цело време каде и да одиме.
- Дали е овој тип на изложба нешто ново за вас?
Есма: Не.
Махмуд: Да, ова е поинакво искуство за мене бидејќи споивме мода, фотографија, слики и скулптури во едно, тотално поинакво искуство коешто би сакал да го искусам повторно и повторно.
- Сте имале претходно и други изложби?
Махмуд: Ова ми е втора изложба во Македонија. Убаво е луѓето да ги видат твоите дела и да ти дадат критика или комплимент. Во Охрид ми е втора изложба, а воглавно моите изложби се најчесто на социјалните мрежи, преку Фејсбук или Инстаграм.
Есма: Да, во Скопје. Досега имам имано 3 изложби.
- Што сакате да правите додека создавате нови дела (која е вашата страст)?
Есма: Отварање нови перспективи, спектруми.
Махмуд: На уметниците им е потребна инспирација цело време, пробуваме да осодуваме помалку и да се инспирираме повеќе од се’ и сешто, безразлика што, се додека те “боцка“ создаваш нешто што вреди.
- Планови за во иднина?
Есма: Да, секако. Да продолжам со овој вид работа и да ја споделувам.
Махмуд: Би сакал да имам уште неколку изложби во Македонија, во Битола и Скопје, да ја зголемам репутацијата и да направам се’ што подобро, се’ додека сум тука во Македонија.
- Порака за напите читатели?
Махмуд: Мислам дека луѓето треба да работат повеќе и да бараат повеќе страст, барем да се потрудат, бидејќи ако не пробаат не би знаеле во што и за што се добри.
Есма: Правете го она што ве прави среќни. Ако сте среќни ќе успеете.
Ова на Махмуд му е веќе втора изложба, а на Есма уште еден доказ за нејзината креативност, покрај многуте модни ревии. Јас, заедно со публицитет.мк им посакуваме се’ најубаво и уште многу успех!
Дамјана Видическа , Публицитет.мк
A mix of arts – an exhibition like we have never seen in Ohrid before
Last night, the exhibition ‘Collatography’ from the young designer Esma Kazim from Ohrid and the Egyptian photographer Mahmoud Sami Ramadan took place in the coffee-bar Shilla. The exhibition was a combination of art pieces and collision of visual arts – collages and photographs by Ramadan and fashion pieces designed by Kazim.
In that chill atmosphere and the company of all the art-lovers, I had the pleasure to be a part of the whole organisation and together with one other girl, I had the chance to wear the hand-made clothes by Esma. Besides the fuzz, the enthusiastic people who were very interested in it and a few shared drinks, I somehow managed to make a little interview with the main stars of the night. In his speech, Mahmud said that quality is more important than quantity and that this is yet another proof for people getting together and that we should live together. If you want to know what they’ve told me about themselves and what their plans are, continue reading:
- Can you briefly introduce yourselves?
Mahmoud: Hello, I am Mahmoud Sami Ramadan, an Egyptian multimedia graduate who has passion for fine arts and cinematography and this is Esma, a young, promising fashion designer from Macedonia.
- Who came up with the idea for a collaboration and how did it come to this?
Mahmoud: When I started getting to know the artists in Ohrid, I got to know Esma and attended few fashion shows of her and I was impressed by her work. So we decided on collaborating on making something beautiful in Ohrid and combine arts, because both of us had interest in fine arts in general.
Esma: Yes, the idea came when I and Mahmoud met. Two different persons, two different experiences, which helped mixing our knowledge.
- What is the main idea behind it, explain your works and what was your inspiration?
Esma: The idea came from combining two different people into one metamorphosis.
Mahmoud: Most of the artworks are inspired by Ohrid and have Ohridian style except for one collage that was done in Egypt. I just feel that we have the passion for arts that we try all the time to follow it whenever we go.
- Is this sort of exhibition a first for you?
Esma: No.
Mahmoud: Yeah, this is a one of a kind experience for me because we combined fashion, photography, paintings and sculptures all together, it was a total different experience that I would love to go through again and again.
- Have you had other exhibitions before?
Mahmoud: This is my 2nd exhibition in Macedonia for me. It’s so good to let people see your work and to get feedback. In Ohrid the 2nd, in general my main exbition is on social networks like facebook and instagram and so on.
Esma: Yes, in Skopje. I have had 3 exhibitions before.
- What do you guys mainly like to do when creating (what is your main passion)?
Esma: Opening a new perspective, spectrum.
Mahmoud: Artists need inspiration all the time, we try to judge less and get inspired more by everything, it doesn’t matter what, but as long as it teases you to create then it is worth it.
- Do you have any plans for the future?
Esma: Yes, of course. Continuing with this type of work and sharing it.
Mahmoud: In Maceodnia I would love to have few more exhibitions i Bitola and Skopje, to make a better reputation and make the best use for me here in Macedonia while I am still around.
- A message to our readers?
Mahmoud: I think people need to work more and find more passion, they need to try because without trying you’ll never know what you’re good at.
Esma: Do what makes you happy. If you are happy, you will succeed.
This is Mahmud’s second exhibition already and for Esma this is yet another proof for her creativity besides her fashion runways. Me and the whole team from publicitet.mk wish them all the best and more success in the future.
Damjana Vidiceska, Publicitet.mk